Насловна
НОВИ ПЛАНОВИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Образование
- Посети: 10804
Министерството за образование, наука и технолошки развој ќе спроведе обука со цел подобрување на јазичните компетенции на наставниците на јазиците на националните малцинства кои спроведуваат севкупна настава на својот мајчин јазик, рече на состанокот државниот секретар на министерството за образование Анамарија Вичек. Националниот совет на македонското национално малцинство го представуваше председателот Борче Величковски.
ЧУВАРИ НА ТРАДИЦИЈАТА-КОЛЕДАРИ, СУРОВАРИ, БАБАРИ ВО КАЧАРЕВО
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Култура
- Посети: 9003
Традиционално, ден воочи дочекот на православната Нова Година, во Качарево во организација на здружението „Вардар” од Качарево, со подршка на Центарот за заштита на традицијата „Тоше Проески” и театарското катче „Видоје Дојчиновски-Даскалот” , а под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија беше уприличен настан кој во својата основа има задача да ги сочува старите традиционални обичаи од заборавот. Покрај членовите на здружението и жителите на Качарево на настанот беше присутен и претседателотн на Советот Борче Величковски.
Повеќе: ЧУВАРИ НА ТРАДИЦИЈАТА-КОЛЕДАРИ, СУРОВАРИ, БАБАРИ ВО КАЧАРЕВО
Вечна слава на Љубиша Георгиевски
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 9599
Денес се простуваме со еден од најголемите македонски културни дејци на овие простори и Амбасадор на Република Македонија во Белград од 2009 до 2013 година, Љубиша Георгиевски.
Македонската заедница во Србија имаше чест и задоволство да го запознае овој, пред се прекрасен човек, кој со своите дела остави неизбришлива трага во нашето културно и општествeно живеење. Со своите дела, активности и заложби како Амбасадор на Република Македонија во Република Србија даде исклучителен придонес во зачувувањето на македонскиот национален идентитет, промоција на македонската култура и уметност, како и во образованието на македонски јазик на овие простори, за што вечно ќе сме благодарни.
Борче Величковски повторно на чело на Македонскиот национален совет
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 9549
Конститутивна седница на Националниот совет на македонското национално малцинство одржана е на 02 декември во големата сала на Собранието на градот Панчево, на која што се потврдени мандатите на 23 члена на Советот.
Одма потоа одржана е и првата редовна седница на која што е избран претседателот на Националниот совет Борче Величковски и на на која што е усвоен новиот Статут на Советот.
Повеќе: Борче Величковски повторно на чело на Македонскиот национален совет
Избрани новите 23 члена за IV мандат на Македонскиот национален совет
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 9369
77 од вкупно 79 верификувани електори ги бираа новите 23 члена на Македонскиот национален совет, на електорското собрание, кое што се одржа во Собранието на Република Србија во Белград. Листата на актуелниот претседател на Советот Борче Величковски оствари апсолутна победа, а воедно тоа беше и единствена листа што се кандидираше, па така предложените 23 електори ќе ги имаат сите места но новиот мандат на Советот.
Повеќе: Избрани новите 23 члена за IV мандат на Македонскиот национален совет