Национален совет на македонската национална заедница во Р.Србија

Blog NSMNZ

Menu
  • Насловна
      • Блог
  • Национален совет
      • Организациона структура
      • Обележја
      • Документи и акти
      • Претседател
      • Секретар
      • Извршен одбор
      • Членови 2018-2022
          • 2014 -2018
          • 2010 - 2014
          • 2004 - 2010
      • Финансов советник - сметководител
  • Надлежности и одбори
      • Образование
          • Одбор за образование
      • Информирање
          • Одбор за информирање
      • Култура
          • Одбор за култура
      • Службена употреба на јазикот и писмото
          • Одбор за службена употреба на јазикот и писмото
      • Консултативни тела
          • Млади и спорт
          • Родна рамноправност
          • Стопанска соработка со Р.Македонија
          • Одбор за статутарно правни прашања
  • Вести и активности
  • МАКОС
      • Цивилен сектор - САМС
      • Политичко учество и претставување
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Вие сте на:  
  • Дома
Борче Величковски повторно на чело на Македонскиот национален совет
Прва средба со премиерот Заев
Во рамките на посетата на Република Србија, премиерот на Република Македонија Зоран Заев оствари средба со претставниците нa Македонскиот национален совет
Одбележан Светскиот ден на детето во Панчево и Лесковац со учениците кои го учат Македонскиот јазик со елементите на националната култура
Прием кај Премиерот на Автономната покраина Војводина
Делегацијата на македонскиот национален совет на чело со претседателот Борче Величковски оствари состанок со премиерот на покраинската влада Игор Мировиќ, на кој што се разговараше за прашањата значајни за унапредување на положбата на македонската заедница во Војводина.
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА
Одбележување на јубилејот 70 години од доселувањето на Македоницте во Војводина
Првото училиште во централна Србија, во кое се учи македонскиот јазик
Во Лесковац во ОУ Коста Стаменковиќ почна да се изучува Македонскиот јазик со елементи на националната култура за 37 деца. Тоа е првото училиште во централна Србија, во кое е воведен овој изборен предмет. Воедно, тоа е и првото училиште во Србија во кое масовно се пријавија 37 ученици, Mакедонци да го научат македонскиот јазик и да ја изучат македонската култура и историја.
Предизвици и можности на малцинствата во Србија
На повик Европската делегација за стабилизација и придружување на Србија на Комитетот на Европскиот парламент за прашања на малцинствата во Западен Балкан, претседателот на македонскиот национален совет Борче Величковски и портпаролот Зорица Митровиќ учествуваа на состанокот ,,Предизвици и можности на малцинствата во Србија’’ во Европскиот парламент во Брисел.
Претседателот Иванов во посета на Националниот совет
Во рамките на официјалната возвратна посета на Република Србија, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов се сретна со претставници на македонската заедница во Република Србија.
Избран Националниот совет на Македонците во Србија
84 електори што ја преставуваат македонската заедница од цела Србија, решија да се гласа за 23 члена на Националнот совет, преку 2 изборни листи. Едната е изборната листа „За Македонците пред се” на Славе Груевски од Горни Милановац, а втората на Борче Величковски од Панчево со листата „Македонците заедно”.

Национален совет на македонската национална заедница, Генерала Петра Арачиќа 2, 26000 Панчево, АП Војводина, Република Србија, Телефон: +381 (0) 13 2580 456

Насловна

Владата на Република Србија ја продолжува политиката на почитување на правата на националните малцинства

  • Печати
  • Е-пошта
Детали
Напишано од Админ
Категорија: Редовна дејност
Создадено: 12 Мај 2018
Посети: 9674

savet nsm

Седница на Советот за националните малцинства, на која претседаваше претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, одржана е во просториите на Владата на Република Србија во Белград, со неколку точки на дневен ред, од кои најважната беше измена на Нацртот на законот за измените и дополненијата на Законот за националните совети на националните малцинства во Србија. На седницата учествуваше претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски.

Повеќе: Владата на Република Србија ја продолжува политиката на почитување на правата на националните...

Меѓу 40 најуспешни Македонци во светот до 40 години и нашата Зорица Митровиќ

  • Печати
  • Е-пошта
Детали
Напишано од Админ
Категорија: Редовна дејност
Создадено: 22 Март 2018
Посети: 11175

40under40 zorica

На годинашната листа „40 под 40“ која што ја објави Обединетата македонска дијаспора со 40 продуктивни и талентирани Македонци на возраст под 40 години кои творат ширум земјината топка и се сметаат за успешни лидери, се најде и секретарот на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ.

Повеќе: Меѓу 40 најуспешни Македонци во светот до 40 години и нашата Зорица Митровиќ

Доделени средства за работа на Националните совети од страна на АП Војводина

  • Печати
  • Е-пошта
Детали
Напишано од Админ
Категорија: Редовна дејност
Создадено: 22 Март 2018
Посети: 10308

apv ugovor 2

Во Владата на АП Војводина беше уприличено свечено потпишување на уговорите за 2018 година, за додела на редовните и средствата за развојна дејност на националните совети на националните заедници кои имаат седиште на територија на АП Војводина од страна на Владата на АП Војводина, поточно Секретаријатот за образование, прописи и национални малцинства на АП Војводина.

Повеќе: Доделени средства за работа на Националните совети од страна на АП Војводина

Посета на општината Пландиште и училиштата во кои што се учи Македонскиот јазик со елементите на националната култура

  • Печати
  • Е-пошта
Детали
Напишано од Админ
Категорија: Образование
Создадено: 20 Март 2018
Посети: 15400

poseta plandiste 4

Заедно со претседателот на Македонскиот национале совет Борче Величковски и Зорица Митровиќ секретар на советот, општината Пландиште ја посети и Васко Грков вд амбасадор на Р.Македонија во Србија. Гостите званично ги прими заменик на претседателот на Собранието на општината Пландиште Владан Младеновиќ, заедно со Мирослав Петровиќ директорот на Културниот центар ,,Вук Караџиќ'' и претставниците на здружението ,,Вардар Пландиште'' Никола Кипровски и Боро Костадиновски. Во разговорот е претставена општината Пландиште, во која се 5 јазици во службена употреба, од кои еден е и македонскиот и по тоа е единствена општина во светот.Повод за посетата беше обезбедување на учебници за учениците кои од второто полугодие на школската 2017/2018 година го учат Македонскиот јазик со елементите на националната култура, како изборен предмет.

Повеќе: Посета на општината Пландиште и училиштата во кои што се учи Македонскиот јазик со елементите на...

Претставување на шестиот извештај за спроведувањето на Акциониот план за националните малцинства

  • Печати
  • Е-пошта
Детали
Напишано од Админ
Категорија: Редовна дејност
Создадено: 13 Март 2018
Посети: 9960

8 7

По повод претставувањето на шестиот редовен извештај за спроведување на активностите во рамки на Акциониот План 23 за остварување на правата на националните малцинства во Република Србија се одржа конференција во Палатата Србија. Конференцијата ја отвори Сузана Пауновиќ ВД Директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права . Таа истакна дека овој извештај се однесува на четвртиот квартал во 2017 година и дека активностите за спроведување на овој Акционен план редовно се следат.

Повеќе: Претставување на шестиот извештај за спроведувањето на Акциониот план за националните малцинства

Страница 11 од 12

  • Почеток
  • Пред
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • ...
  • 10
  • 11
  • 12
  • Следно
  • Крај
 

 

NAC.STRATEGIJA

informator o radu 300x150

videlina maj 2017

logomba

AP 23

sudskitumaci

Pokrajinski sekretarijat za kulturu i javno informisanje

kzljmp

MINORITYNEWS

provera-upisa

ILINDEN TIRANA

Пријатели:

tikves logo  sunday-300x162 index FudeksLogo1 300x210 delicija proiz 02 stobi logo

© 2021 Национален совет на македонската национална заедница во Р.Србија

Go Top