На 11 декември 2004-та во Центарот Сава во Белград е формиран првиот Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија. 15 дена подоцна, на 26 декември во Панчево се одржа конститутивна седница и  одтогаш, полни десет години Националниот совет на МНЗ без прекин, неуморно работи на заштитата и унапредувањето на индивидуалните и колективните права на македонската национална заедница во Србија.

Со формирањето и зајакнувањето на Националниот совет на македонското национално малцинство, зајакна и невладиниот цивилен сектор. Во текот на изминатите 10 години формирани се 35 здруженија и струковни асоцијации со јасни цели и стратегии кои делуваат во рамките на САМС,чии основач е Националиот совет

Уште еден значаен  настан е запишан со големи букви  во  10 годишната историја на МНС. Тоа е секако, формирањето  на Новинско издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ во чие издание веке 8 години излегува ревијата на македонски јазик „Македонска виделинa'' списанието за култура „Видело'' детската ревија „Ѕуница'' тријазичното списание „Алка'' и  на повеќе десетина книги од македонски и српски автори.

Изминатата декада ја обележа  и Националниот Ансамбл за народни песни и ора „ Тоше Проески“ кој сега функционира како Центар за заштита на традицијата и посебносите на МНЗ, чии настапи на најубав начин го преставуваат богатсвото на македонсакта изворна етно музика.

Македонскиот национален совет својата лепеза како основач ја проширува со нови организации: Форум на млади Македонци, Друштво на интелектуалци Македонци „Лоби Клуб,“ Фондација на македонската култура „Македонско сонце“, Друштво на писатели Македонци во Р. Србија, Друштво на ликовни уметници, Друштво за заштита на обичаи, Централна библиотека на македонски јазик, но се труди да ги помага и организациите со традиција како што е КУД „Васил Хаџиманов„ , кој прослави 50 години од своето постоење. 

Поголемиот дел од организациите се обезбедени со деловен простор, а сите канцеларии на здружениата и на регионалните канцеларии на Националниот совет од Суботица до Врање се опремени со основни срества за работа. Меѓусебната интезивна комуникација и координација со Советот  е олесната преку умрежените телефонски врски.

Во десетгодишниот ангажман на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија несомнен  успех преставува воведувањето на македонскиот јазик и кирилското писмо  во службена употреба, најпрвин во населеното место Јабука а потоа и  во Општина Пландиште. Тоа  е прва локална самоуправа, практично во светот, каде македонскиот јазик е во рамноправна службена употреба, додека во Статутот на  Војводина македонскиот народ е признат  како конституивен народ на покраината, во чии парламент  се виори и  знамето на македонската заедница во Србија.

Ако почетоците на делувањето во областа на културата ја обележаа неколку драмски и рецитаторски секции, КУД „Васил Хаџиманов'' во Јабука и пеачките групи во Јабука,Пландиште и Качарево, денес речиси секоја недела во годината долж цела  Србија се одвиваат разновидни богати програми со кои се промовира и афримира македонската култура. Во последните седум години се негува централната манифестација  „Себеси во поход“, која ги собира најеминентите македонски книжевни и ликовни дејци  од Србија, припадници на мнозинскиот народ и Македонци од Македонија, кои низ форма на поетско-ликовен караван ги посетуваат местата по Србија и ја шират културата на македонскиот народ, но и вербата во заедничкиот соживот. Себе си во поход  е прогласена за манифестација од покраински и државен карактер.

На иницијатива на Националниот совет  Владата на Република Србија  ги призна македонските празници 2 август-Илинден, 8 септември-денот на независноста на Р. Македонија и 26 декември денот на Националниот совет, како празници на македонската заедница во Србија која има  и свои  национални облежја: симбол, грб и знаме.

Македонската заедница во Србија во изминативе 10 години  успешно ги  афирмира и традиционалните културни манифестации како што се  „Денови на македонската култура“ во чест на Св. Кирил и Методии, „Средба на гајдари“, „Василичари„ „Фестивал на песни и ора“  манифестацијата „Гравче на тавче“, квизот „Запознај ја Македонија за да ја сакаш повеќе''  и многу други нови манифестации низ цела Република Србија.

Една од најголемите придобивки  на МНС во изминатиот период е воведувањето на македонскиот јазик во образовниот систем на Србија. Врз основа на стручно подготвените планови и програми  од прво до четврто одделение, наставниот предмет „Македонски јазик со елементи на националната култура веке трета година се предава во ОУ  „Гоце Делчев'' во Јабука, а од неодамна го учат и нашите дечиња во ОУ „Жарко Зрењанин'' во Качарево. Во тек е ангажман на Советот во постапката за воведување   на предметот „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во наставниот процес во местата каде е поголема концентрација на припадниците на македонското национално малцинство и тоа во Глогоњ, Пландиште, Гудурица, Дужине и други места. Букварот за прво одделение е одоборен и испечатен, а експерскиот тим на МНС ги заврши предлозите за учебниците за второ, трето и четврто одделение. Пионирските зафати впрочем започнаа со курсевите за изучување на македонскиот јазик и неговото псимо под името „Добре дојдовте на македонски јазик'' од 7 до 77 години.

Од друга страна високото образование на македонски јазик досега имаа можност да го стекнат преку 100 студенти од Србија кои со посредство на Национаиот совет и Амбасадата на Р.Македонија во Белград го стекнаа правото да  студираат во Македонија како стипендисти на македонската влада.

Во декадата што е зад нас направен е голем продор и во полето на информирањето на македонски јазик. Освен носечката улога на Македонскиот информативен издавачки центар, во известувањето на припадниците на македонската заедница во Србија значајно место завземаат получасовните емисии на македонски јазик „Македонско сонце и Банатско сонце'' кои на програмите на РТВ Војводина и на РТВ Панчево редовно се емитуваат од 2006 година, а од пред две години се реемитуваат на РТВ Ниш. Со финасиска подршка на македонското министерство за надворешни работи проектот  на  здружениеото  Гоце Делчев „Инфомак'' веке 2 години успешно се емитува на програмата на РТВ Врање. Да го споменеме и најновиот успех  емисијата „Добар ден Македонијо'' на брановите на РТВ Лесковац, како и електронското информирање преку интернет страниците и социјалните мрежи.

Во оваа мини ретроспектива успеавме да наведеме само неколку  позначајни резултати од десетодишното делување  на Македонскиот национален совет во Србија .  Повеке и подетално во јубиларната монографија која е во подготовка, а се надеваме дека наскоро светлото на денот ќе го здогледа и документарниот филм по повод овој јубилеј.

Секако новоизбраниот, третиот состав на МНС ја започнува историјата од втората декада на неговото делување во Србија на цврсти темели и со јасни насоки вградени во Националанта стратегија МАКОС 2013- 2023 година, со авторитет на почитувана и одговорна институција чии заслуги во четирите основни законски дејнсоти се препопознати и наградени со највиско признание на Претседателот на Република Македонија „Повелба на републиката.''