Припадниците на македонското национално малцинство во Р. Србија воглавно се доселени во периодот 1946-1947 година.  Од 1946 година до 1960 година во некои места  во Јужнобанатскиот округ постоеше севкупна настава на македонски јазик (во Качарево, Пландиште, Глогоњ, Јабука). Од 1960 година до 1976 година постоеше само македонски јазик како предмет за македонските деца во повеќе места во Јужен Банат, а од 1975 година само во Јабука се учеше македонски јазик како јазик на општествена средина. Го изучуваа припадниците на сите народи и малцинства  кои  живееа во оваа населба (19). Македонскиот јазик како јазик на општествена средина во Јабука е без образложение укинат 1994 година.

Може да се констатира дека во моментов не постои ни еден вид на образование на македонски јазик во Србија како севкупна настава. Наставните планови и програми во претшколските образовни институциите и основните  училишта од IV-VIII одделение и средни и високи училишта и факултети  се со настава на српски јазик, нема градива кои содржат сознаниа за историјата, географијата, културата и положбата на македонското национално млацинство, ниту други содржини кои ја поспешуваат меѓусебната толеранција. Во рамките на вишето и високото образование нема обезбедено катедри ни факултети за образование, лектори за македонски јазик, ниту воспитувачи, учители, наставници и професори на македонски јазик.

Со формирање на Националниот совет на македонското национално малцинство во Р. Србија, се створија услови за институционално работење во областа на образованието на припадниците на МНЗ во Србија. Во периодот 2006-2007 година Националниот совет подготви Планови и програми за предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура, традиција и историја“ од I до IV одделение. Во 2011 година овие планови и програми се усвоени од страна на Националниот просветен совет и се објавени во Сл.Гласник-Просветен гласник на Р. Србија на 27.10. 2011 година, со што добија карактер на правен законски акт. Во тек на 2012 година формирано е едно одделение како пилот одделение во населеното место Јабука кај Панчево во ОУ „Гоце Делечв“, кое го слуша предметот македонски јазик со елементи на национална култура.

obrazovanie

Согледувајќи ја состојбата од вкупната бројка на припадници на МНМ од 25.847 (по Пописот од 2011 година 22.755 припадници) македонскиот јазик го познаваат 14.355, а не го познават 11.492 Националниот совет на МНМ организираше за цела териоторија на Србија курсеви за изучување на македонскиот јазик и неговото писмо под име „Добредојдовте на македонски јазик“. Курсот го посетуваа припадници на МНМ од 7 до 77 години. Покрај припадниците на МНМ курсот го посетуваа и припадници на мнозинскиот народ и на останатите национални малцинства во Србија. Курсот, во траење од 40 часа, се организира од 2007 до 2012 година.  

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија ја покрена и постапката за воведување   на предметот „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во наставниот процес каде е поголема концентрација на припадниците на македонското национално малцинство и тоа во Глогоњ, Пландиште, Гудурица, Дужине и други места и ја спроведе во Јабука, во ОУ „Гоце Делчев“ и Качарево во ОУ  „Жарко Зрењанин.“ 

Исто така Националниот совет на МНМ го подготви и предлогот за учебникот за I одделение за предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“.

Формиран е и тим на Националниот совет за подготовка на Планови и програми за основно училиште за предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“ за IV до VIII одделение и учебници и помошни наставни средства за овој предмет за II од VIII оделление.

grafikon obrazovanje

Според Истражувањето на Независниот Омбудсман на Автономната покраина Војводина, во периодот од 2010 - 2014 година, Националниот совет на македонската национална заедница имал највисок степен на активности во оваа област, што во однос на другите совети со поголема бројност на малцинството, секако претставува голем успех.