Правото на информирање на националните малцинства во Србија, односно, правото информациите да се изразуваат и примаат и идеите да се шират на мајчиниот јазик, е право кое е регулирано со домашното законодавство. Потребите и целите за информирање на националните малцинства во Р. Србија можат да се исполнат преку:

  • институциите на службите на јавното емитирање (јавни радиотлевизиски сервиси);
  • радио и телевизиски станици на цивилниот сектор;
  • локалните и регионалните РТВ станици;
  • комерцијални РТВ станици;
  • печатени медиуми на мнозинскиот српски јазик;
  • печатени медиуми на малцински јазик;
  • интернет;
  • аудиовизуелни материјали.

Според Законот за правата и слободите на националните малцинства и домашното законодавство, државата е должна, во програмите на радијата, телевизиите и во другите медиуми да обезбеди информирање, културно и образовни содржини на македонски јазик.       

До 1994 година во склопот на неделникот „Панчевац“ се печатеше страница на македонски јазик. Радио Панчево еднаш неделно емитираше получасовна емисија на македонски јазик. Страницата во „Панчевац“ беше  редовно читана, а емисијата на Радио Панчево беше слушана од страна на припадниците на македонското национално малцинство. Укината е и страницата и емисијата.

Со формирањето на Националниот совет, се стекнаа услови драстично да се подобри информирањето на македонски јазик во Србија.

Националниот совет направи крупни чекори на ова поле. Формирана е Новинско издавачка установа „Македонскиmkdvidelina информативен и издавачки центар“ во чии рамки се спроведуваат обемни акции на полето на информирање на македонски јазик. Еднаш месечно излегува информативната ревија „Македонска виделина“ финансирана од страна на Покраинскиот секретаријат за култура и информирање, еднаш месечно излегува списанието за деца и младинци „Sуница“, секој три месеца излегува списанието за култура книжевност и уметност „Видело“, се печатат книги и преводи на писатели припадници на МНМ на мнозинскиот народ со рекорд во печатната 2013/14 година со 95 нови наслови, а се појави и  првиот мултикултурален часопис на македонски, ромски и српски јазик „Алка“.Воведени се емисији на Јавниот сервис РТВ Војводина во трајање од половина час „Македонско сонце“, на регионалната ТВ Панчево се емитира еднаш неделно получасовна емисија „Банатско сонце“, а на РТВ Врање се емитира емисијата „Инфомак“ а емисијата „Македонско сонце“ се реемитира на ТВ Ниш. На РТВ Војводина практично функционира редакција на македонски јазик со дописништво во Панчево. Во рамките на Форумот на младите, започнатао е и со емитирање на интернет Радиска емисија. 

Отворени се интернет сајтови на Националниот совет и на НИУ „МИИЦ“ , како и фејсбук страници на Советот, САМС и емисијата „Македонско сонце“ . Одреден број на здруженија имаат отворени интернет сајтови, или фејсбук страници. Секоја година се спроведува манифестацијата „Себеси во поход“ која ги собира најеминентните творци во книжевната и ликовната дејност. На Јавниот сервис на Р. Србија, секоја недела се емитира емисија на малцински јазици „Граѓанин“ во која за македонската национална заедница често се емитираат прилози. 

grafikon informisanje

Според Истражувањето на Независниот Омбудсман на Автономната покраина Војводина, во периодот од 2010 - 2014 година, Националниот совет на македонската национална заедница, заедно со словачкиот, имал највисок степен на активности во областа на информирањето на припадниците на своето малцинство.