Културата и нејзиното изразување, очувување, негување, унапредување на наследството и јавното презентирање, се доживеуват како интегрална задача на македонската национална заедница. По една дефиниција, културата е двострано прашање: од една страна таа е инструмент за афирмација на идентитетот на една заедница, а од друга страна е инструмент за унапредување на меѓуетничката комуникација и интеграција на едно национално малцинство во општеството.

Изразувањето, чувањето, негувањето, развивањето, преносувањето и јавното искажување на националната култура, верските и  јазичките особености како дел од традицијата на граѓаните на националните малцинства  и нивните припадници, е нивно неотуѓиво, индивидуално и колективно право.

Со цел да се очува фолклорот и традицијата на македонското национално млацинство во СЦГ, постоеше единствено само КУД во Јабука „Васил Хаџиманов“, кое работеше во многу тешки услови.

1604483 503067166459397 2900697296462597654 n

При Домовите на културата во Пландиште, Јабука, Качарево, Глогоњ, Панчево, Гудурица, во книжниот фонд на библиотеките постоеа и наслови на македонски јазик. Исто така во школските библиотеки во наведените места, имаше и еден број на книги на македонски јазик кои беа подарок од Р. Македонија.

Со пошироко согледување на проблематиката, Националниот совет тргна прво со формирање на неколку драмски и рецитаторски секции, како и фолклорна и пеачка секција во Пландиште и пеачка група во  Качарево.

Со постоењето на овие друштва се стекнаа услови и да се оформи Национален ансамбл за народни песни и ора „Тоше Проески“ кој денес е регистриран како Центар за заштита на македонската традиција и посебност.

Во изминатите години во секое поголемо место во Србија каде што постои Асоцијација на МНЗ, се спроведуваат манифестации „Денови на македонската култура во Србија“. Во последните пет години се негува централна манифестација за деновите на македонската култура „Себеси во поход“, која ги собира најеминентите книжевни и ликовни дејци припадници на МНМ од Србија, припадници на мнозинскиот народ и Македонци од Македонија, кои низ форма на поетско-ликовен караван ги посетуваат местата по Србија и ја шират културата на македонскиот народ, но и вербата во заедничкиот соживот. Оваа манифестација е прогласена за манифестација од покраински и државен карактер од страна на Покраинскиот секретаријат за култура на АП Војводина. Формирани се и Друштво на писатели и Друштво на ликовни уметници припадници на МНЗ и Централна библиотека.

Исто така Националниот совет успеа  од страна на Владата на Република Србија, да бидат признаени македонските празници 2 август-Илинден, 8 септември-денот на независноста на Р. Македонија и 26 декември денот на Националниот совет. Званично се признаени и симболот, грбот и знамето на македонската национална заедница во Србија, а  голем ишчекор беше и активноста од посебен значај, а тоа е воведувањето на македонскиот народ во Статутот на АП Војводина како конституивен народ, со што и симболите и знамињата на МНМ се виорат во Собранието на АП Војводина.

Националниот совет формира и Фондација на македонска култура „Македонско Сонце“ која би требала да прерасне во Завод за култура на МНМ.

На предлог на Националниот совет КУД „Васил Хаџиманов“ како најстара организација од овој вид доби нов Управен одбор составен од претставници на седум институции со цел подобрување на организациската, финансовата и кадровската поставка.

Сите доега набројани организации, здружениа на граѓани, или струковни организации се практично амбасадори на македонската култура. Во некои од нив се спроведуваат веќе традиционални манифестации од областа на заштита на културата, како што се: манифестацијата „Себеси во поход“,  „Денови на македонската култура“ во чест на Св. Кирил и Методи во Нови Сад и Белград, „Средба на гајдари“ и „Василичари“ во Качарево, „Фестивал на песни и ора“ и манифестацијата „Гравче на тавче“ во Јабука, Фестивал на меѓунационални песни и ора во Ниш и многу други.

 kultura 001

Според Истражувањето на Независниот Омбудсман на Автономната покраина Војводина, во периодот од 2010 - 2014 година, Националниот совет на македонската национална заедница, заедно со словачкиот и чешкиот, е на трето место, според бројот на активностите во областа на културата.