До распаѓањето на СФРЈ македонскиот јазик и неговото писмо беа во службена употреба само во Општината Панчево каде е укинат 1991 година со Статутот на Општина Панчево, одосно не е предвидена службена употреба на македонскиот јазик и писмото.

Користењето на личното презиме кое според Законот за заштита на правата на националните малцинства треба да се пишува според јазикот и правописот на припадникот на националното малцинство е долготраен и процесен проблем. На пример во личните документи пишува Дојчиновски Марија, а треба Дојчиновска Марија, или, кај имињата на населените места наместо Македонски Брод или Македонска Каменица, како што има напишано странката во пријавниот картон, службениците на МУП ставаат само Брод или Каменица. Исто така е и кај имињата на улиците. Имињата на улиците кои потекнуваат од историјата на македонскиот народ се менуваат со други имиња. Покрај ова проблем е што службениците во МУП кога ќе ги издаваат пасошите и другите лични документи, го менуваат уставното име на Р. Македонија во БЈРМ и покрај тоа што двете држави се имаат меѓусобно признаено под уставното име.

Следниот проблем околу јазикот е ратификувањето на Европската повелба за регионалните и малцинските јазици. Имено, Собранието на Р. Србија, односно тогаш СЦГ, ја има ратификувано повелбата на Советот на Европа со која се потврдуваат правата на националните малцинства  во областите на образование, информирање, и користење на мајчиниот јазик  во јавна употреба. Секоја од државите кои ја потврдија Повелбата приложија и список на малцински јазици на кој таа се применува. СЦГ назначи дека за регионални и малцински јазици  во Република Србија се сметаат 10 јазика,а во Црна Гора 2. Меѓу овие јазици не вброен македонскиот јазик.

Со голем ангажман на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо повторно се воведени во службена употреба во населеното место Јабука (Град Панчево) и во Општина Пландиште, што е прва локална самоуправа, практично во светот, каде македонскиот јазик е во рамноправна службена употреба.

Повеќејазични табли во Пландиште (3-македонски)
37112 873769949314101 3386153747169016792 n  10407892 873770009314095 2880199511442949764 n 

 

Националниот совет на македонското национално малцинство непрекинато се грижи и интервенира во Општините каде се случуваат проблеми од областа на непочитување на било кое со Закон стечено право и опсежно ги запознава припадниците на македонското национално малцинство во Србија, успевајќи така во голем нпроцент да ги намали случаевите на непочитување на Законот.

Прашањето за воведување македонски јазик кое е регулирано во делот два од Европската повелба за регионални или малцински јазици Националниот совет не го препушта на случајот, туку ги користи сите законски можности да упати усмено и писмено барање до Советот на Р. Србија за национални малцинства и на Собранието на тогашната Заедница на СЦГ, потоа до Министерството за човечки и малцински права, а најново до Канцеларијата за човечки и малцински права и Советот на Европа, земајќи активно учество во дискусиите за ова прашање истакнувајќи го аргументирано овој проблем. Со сето ова запознаен е и Советот на Европа. Националниот совет редовно земаше учество во пишувањето на Државниот извештај на Република Србија околу имплементацијата на Европската повелба за регионални, односно, малцински јазици и секогаш го потенцираше овој проблем.

grafikon sluz

Според Истражувањето на Независниот Омбудсман на Автономната покраина Војводина, во периодот од 2010 - 2014 година, Националниот совет на македонската национална заедница имал највисок степен на активности во оваа област.