МАКОС или „Македонски обединети сили“ е стратешки пристап на форматирање и систематизирање на македонската заедница во Србија, во рамките на законските норми. Со препознавање на основните цели на македонската национална заедница во Србија: зачувувањето и трајното негување на идентитетот врз меѓународно определените и од страна на научната јавност, признаените постулати, како што се јазикот, писмото, културата, традицијата, обичаите, верата и другите битни области. Со препознавање на законските можности за организирање на една национална заедница преку општествениот, или државно проектираниот сектор, кој го покрива Националниот совет на македонското национално малцинство, цивилниот, недржавниот сектор кој го представува Сојузот на Асоцијации на припадници на МНЗ во Србија и политичкиот сектор покриен од страна на Демократска партија на Македонците, лесно е да се воочат стратешките потенцијали на нашата заедница. Битното е трајно, комуникациски и хиерархиски јасно поврзување на трите сектори и нивните капацитети во обединети, или здружените снаги, кои ќе го модулираат патот  кој ќе ја заштити крајната цел. Потребно е да се истакне дека крајната цел представува процес и не може да биде награда сама по себе, туку се остава на надоградување на генерациите кои доаѓаат и на реалните потреби во време во кое ќе живеат.

Со ваков пристап се почитуваат демократските права на секој поединец, а се почитуваат и идеите или личната амбиција за лобирање, идеологизирање и нивно спроведува во рамките на некој од секторите, не нарушувајќи го, истовремено, самиот концепт на системот. Идејата е да во тројниот систем постои хиерархија во рамките на Законот, но всушност да нема „постар“, бидејќи трите сектори работат по веќе познатите воспоставени законитости кои ги определуваат нивните можности и движења, нивните капацитети и надлежности.

Главната диференцијација во системот е заправо начинот на кој Законот го третира секој од наведените подсистеми. Во република Србија според Законот, едно национално малцинство може да има само еден Национален совет, кој има право на самоуправа и на кој му се од страна на државата дадени надлежностите од областите на културата, информирањето, службената употреба на јазикот и писмото и образованието. Од наведеното е јасно дека по надлежностите, но и по системот на избор кој единствено го надбљудува меѓународната стручна јавност, Националниот совет е чадорна организација со јасни постулати во своето дејствување. Од ова произлегува јаснотијата во обемот на ингеренциите на Националниот совет. Од друга страна по Законот во Република Србија во рамките на цивилниот, невладиниот сектор, или пак политичкиот, можаат да постојат теоретски безброј здруженија, друштва или друг вид на невладини, цивилни организации или, пак теоретски, безброј политички партии во рамките на едно малцинство. Нашата цел мора да биде јасна и да произлегува од оваа Стратегија. Доколку е оваа Стрaтегија концентрирање на македонската национална заедница, тогаш, треба да се фокусира околу еден Сојуз на цивилни, невладини организации и од друга страна на еден политички субјект, со цел осигурување на политичка партиципативност во законодавната и извршната власт. Во рамките на ваква задача, политичката партија треба да се грижи за оние елементи кои се во перцепциjа и на  другите политички организации, а тоа се рамките на една национална заедница, заштита на законите кои ги штитат националните малцинства, делотворното учество во јавниот живот на припадниците на националните малцинства, заштита на правото на вероисповест и другите области кои произлегуваат од Законот и реалните потреби.

Еден од најбитните сектори кој представува базичен елемент, а кој мора да го опслужуваат и Националниот совет и политичката партија, но истовремено да бидат и од негова страна хиреархиски почитувани, е Сојузот на Асоцијации на МНЗ во Србија. Овој сектор мора да биде двонасочно покриен и од страна на Советот и од страна на политичката партија на Македонците во Р. Србија. Сојузот на асоцијации на МНЗ треба стратешки да ги покрие сите региони, но и сите општествени области на делување во рамките на струковниот сектор, што не подразбира под автоматизам и политичка активност. Во таа насока секоја организација на Сојузот треба да биде базична клетка која ќе ги собира припадниците на МНЗ. Помеѓу поединецот и организацијата треба да постои јасна двонасочна комуникација  и транспарентност во односите. Секој поединец за активностите на организацијата треба да биде на време информиран и вклучен во активностите во рамките на амбициите, можностите и положбата во самата организација.