Припадниците на македонската национална заедница, како и секое малцинство наидуваа на проблеми во настојувањата да се вклучат во јавниот и политичкиот живот. Евидентниот факт по кој припадниците на МНЗ до 1991 година беа дел од големата фамилија на народи и народности во СФРЈ како конститутивен народ, за да практично преку ноќ постанат национално малцинство значајно придонесе за се уште слаба застапеност на сите нивоа на власта.

Спрема истражувањето на Хелсиншкиот одбор за човечките права во Р.Србија во органите на локалната самоуправа на АП Војводина и Р.Србија и во другите институции од општ интерес  а особено на одговорни, раководителни функции не се застапени припадниците на македонското национално малцинство. Нема припадници на македонското национално малцинство на функции на председател на СО, Општински судија, Општински јавен тужител, судија на трговечки судови, начелник на МУП, командир на полицијска станица. Не се адекватно застапени како директори на Основните и Средните училишта. На пример во Панчево каде што живее најголем број на припадници на оваа малцинство, а по бројот е веднаш после мнозинскиот народ Србите, во структурата на вработените во органите на јавната управа има вработено само 6 службеника. На одговорни места нема ниту еден. Исто така во структурата на вработените во  управата на АПВ има само еден припадник на мекедонското национално малцинство.Во некиои места по распаѓањето на СФРЈ присилно се пензионирани некои службеници, особено во јавните служби (Панчево,Пландиште). И денес постојат ситуации каде се отпуштаат од работа поедини службеници. Исто така нема Покраински пратеници делегирани испред македонското национално малцинство.

Припадниците на МНЗ ги имаат сите еднакви права како и сите останати да учествуваат во јавниот живот. Тоа подразбира право на глас, избор, учествување во јавниот живот и формирање на политички партии.

Оваа право припадниците на МНЗ го искористија 2004 година со формирање на Демократската партија на Македонците-ДПМ. Оваа партија се соочуваше и се уште се соочува со основните проблеми посебно изразени во следното:

-неактивност на партијата помеѓу два изборна циклуса

-финансирање на политичката партија (проблемот на лични инвестиции на членовите на партијата или поединци во текот на предизборните кампањи или во тек на организацијски активности, што на крај може да се одрази и на изборен резултат).

-невозможност со сегашните капацитети за самостојно излагање на парламентарни, покраински и локални избори.

-Подценувачки однос на медиумите кон помалите политички партии и невозможност на нивно поквалитетно представување во медиумите.

-слаб кадровски потенцијал

Сепак со ангажман кроз Македонските Обединети Сили-МАКОС , Демократската партија успеа да оствари коалиционен потенцијал и да добие право на поставување на пратеник во Парламентот на Р.Србија, што представува голем успех во рамките на политичкиот живот.    

Од 2004 година до денес Демократската партија на македонците работеше на сопствено профилирање и одредување на насока на своето движење во иднината. Во рамките на своето дејствување ДПМ во изминатиот период формира неколку одбори на партијата и тоа во Панчево, Качарево, Пландиште, Зрењанин, Пожаревац, Костолац, Нови Сад и други места, со цел да се развива инфраструктурата. Со одржување на вондредното изборно собрание на ДПМ во мај 2011 година кога дојде до промена на политичкото водство на партијата и одредени статутарни промени, ДПМ го заокрена својот политички курс и приоритетот го стави во добро изградени и взаемни односи на доверба со Националниот совет на МНЗ во Србија и САМС во предложената платформа на Македонски Обединети Сили-МАКОС. Ваквиот пристап резултираше со сподобрени коалициони потенцијали кои се преточени во добивање на пратеничко место во Парламентот на Р.Србија и даде резултати и во неколку единици на локална самоуправа.