S.A.M.S

Цивилниот-невладиниот сектор е отелотворен во Сојуз на Асоцијации на македонците во Србија - САМС и во него членуваат сите цивилни-невладини организации - Здруженија на МНЗ или Струковни организации.

Република Србија е поделена на окрузи и региони. Секој округ има свој административен центар. Доколку се земе в предвид дека од постоечките 178 населени места со статус на локална самоуправа во 174 живеат наши припадници, лесно се воочува илузијата во обидите да имаме организација во секое место, или пак во едно место да имаме повеќе организации.

Во Стратегијата на систематизирање вткаени се постулатите една цивилна организација може да постои на територија на еден округ, со исклучителност на Јужнобанатскиот округ, поради поголема концентрација на припадници на македонската национална заедница (МНЗ) и веќе зацврснати организации, со воспоставен постулат: едно место-една организација и градот Белград, како конгломератен општествен центар. Од ова произлегува дека организации членки на Сојузот можат да се формират, или се веќе формирани во:

1.Јабука-Здружение на МНЗ „Илинден“-Јужнобанатски округ

2.Качарево-Здружение на МНЗ „Вардар-Качарево“-Јужнобанатски округ

3.Глогоњ-Здружение на МНЗ „Герман“-Јужнобанатски округ

4.Панчево-Здружение на МНЗ „Осогово“-Јужнобанатски округ

5.Вршац-Здружение на МНЗ „Вардар-Вршац“-Јужнобанатски округ

6.Пландиште-Здружение на МНЗ „Вардар-Пландиште“-Јужнобанатски округ

7.Суботица-Здружение на МНЗ „Илинден“-Севернобачки округ

8.Зрењанин-Здружение на МНЗ „Св . Климент Охридски“-Средњебанатски округ

9.Нови Сад-Здружение на МНЗ „Св . Кирил и Методиј“-Среднобачки округ

10.Смедерево-Здружение на МНЗ „Горни Полог“-Подунавски округ

11.Краљево-Здружение на МНЗ „Кирил Пејчиновиќ“-Поморавски округ

12.Крагујевац-Здружение на МНЗ „Татковина“-Шумадијски округ

13. Пирот-Здружение на МНЗ „Бели Мугри“-Пиротски округ

14. Лесковац-Здружение на МНЗ „Илинден“-Јабланички округ

15. Врање-Здружение на МНЗ „Гоце Делчев“-Пчински округ

16. Ниш-Здружение на МНЗ „Вардар“-Нишавски округ

17. Белград-Здружение на МНЗ „Македониум“-Град Белград

18. Бор-Здружение на МНЗ Бор-Борски округ

19. Стара Пазова-Здружение на МНЗ „Стара Пазова“

20. Здружение на МНЗ „Даме Груев“-Моравички округ

21. Сомбор-Здружение на МНЗ ,,Пела'' -Севернобанатски округ

22. Пожаревац-Здружение на МНЗ „Мак“-Браничевски округ

Цивилниот невладин сектор мора да биде покриен и со, таканаречени, струковни организации, односно, организации кои се формирани од страна на Советот, со цел анимирање на нашата заедница преку одредени културни, општрствени  области. Во таа насока функционираат:

1. Центар за заштита на традицијата и посебноста на МНЗ во Р . Србија;

2. Форум на млади Македонци;

3. Друштво на писатели припадници на МНЗ;

4. Друштво на ликовни уметници припадници на МНЗ;

5. КУД „Васил Хаџиманов“;

6. Друштво за општествено влијание и афирмација на МНЗ „Лоби клуб“.

 

Покрај наведените функционираат и посебни организации:

Друштво со ограничена одговорност, Новинско издавачка установа„Македонски информативен и издавачки центар“.

Фондација за заштита на македонската култура „Македонско сонце“.

Специјализирани организации:

Централна библиотека на македонски јазик.

Политички организации:

Демократска партија на Македонците.

 

Сите овие организации се под патронат (заштита, помагање и партнерство) на Националниот совет (со своја потполна автохтоност и автономност) и со самото тоа се и дел од општествениот сектор (веќе од порано уредено со акти на правни документи). Покрај ова Советот го покрива и владиниот, односно, државниот сектор бидејќи е државна институција со јавни овластувања и надлежности.