Непосредно по почетокoт на летото во прекрасниот амбијент на здружението ,,Вардар Карачево’’ се одржа петтиот по ред ,,Зелник фест’’ оваа година наречен ,,Се собираме оти се разбираме.’’ Натпреварувачите ги земаа своите сукала в раце, ги развлекуваа тестата и корите и направија вкусен македонски зелник. 

yelnik fest 3

Жирито ги дегустираше и оценуваше направените зелници, кои оваа година за прв пат се готвеа во пеќницата во склоп на просториите на здружението. Додека нетрпеливите натпреварувачи и уште понетрпеливите дегустатори чекаа да се испечат зелниците, најмладите од театарска трупа ,,Видое Дојчиновски - Даскалот'' ја одиграа претставата ,,Јарец живодерец'' и ги одушевија сите присутни. 

 

Организаторите на оваа веќе традиционална манифестација, здружението Вардар од Качарево и Центарот Тоше Проески, истакнуваат дека ваквите нивни настани имаат за цел усвојување на животните вештини, и се дел од проектот животните вештини кој што во целост опфаќа и други потреби во животот како што се основната информатичка писменост за возрасни и деца, плетење, везење, ткаење, кроење и шиење на основните делови на облека, поправање на облеката па дури и запознавање со облеката од поранешно време и израбортување на делови од носиите, зачувување на животната средина. Конкретно овој проект и организирање на една ваква манифестација има за цел да го зачува, но и промовира овој дел од македонскиот национален идентитет.

На петтиот по ред собир покрај учесниците и домаќините од Качарево учествуваа и македонските здруженија „ Илинден“ од Јабука, „Македониум“ од Белград  „Форум на млади македонци“ од Белград, ,,Вардар од Вршац, ,,Вардар од Пландиште, Етно катче Качарево, се на се вкупно 18 мајстори на оваа традиционално македонско јадење.                        

zelnik fest 2

Иако официјално се прогласија првите три места за вештите раце на готвачите од здруженијата ,Вардар од Вршац, ,,Вардар од Пландиште и ,,Вардар од Качарево,  сите направени зелници беа изедени за многу кратко време, што во овај случај ја потврди онаа дека сите се победници.

Меѓу гостите беа и претставници на македонскиот национален совет, претседателот Борче Величковски со сопругата,  како и претставниците на локалната власт и жителите во Качарево.