На сите припадници на македонската национална заедница во Република Србија, како и на сите православни верници во земјата и во странство, упатуваме најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот празник Св. Климент Охридски.

kliment

Празникот посветен на свети Климент Охридски, основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на првиот словенски универзитет, и подвижникот на словенската писменост и култура, е настан кој ги надминува националните рамки и има огромно значење за европската култура и цивилизација. Токму визијата на свети Климент Охридски и на неговите учители, светите браќа Кирил и Методиј, за зближување на сите народи  и за градење на просперитетен, слободен и хуман свет e вградена  во темелите врз кои денес опстојува човечката цивилизација. Почитта и чествувањето на свети Климент Охридски е наша национална  гордост и траен влог во просперитетна иднина.

         Честит празник и за многу години.

 

Национален совет на македонската национална заедница во Република Србија