Симбол на Националниот совет на македонската национална заедница е шеснаесетзрачно златно жолто сонце, кое го сочинуваат осум поголеми основни и осум помали споредни сончеви зраци, непосредно поставени околу сончевиот диск. Краевите на основните и споредни сончеви зраци се поставени на истата кружница. Околу сончевиот диск постојат два прстена, а во нив десет плави листови на здравец.
Грбот на Советот е кружниот штит со црвеното поле. Во средината на штитот се наоѓа симболот на Советот, а на краевите е обрубен со златно-жолт прстен.
Знамето на советот е црвено поле во чија средина се наоѓа симболот на советот.
Празници на македонската национална заедница во Србија:
2 август - ИЛИНДЕН
8 септември- Денот на независноста на Р.Македонија
11 октомври - Денот на народното ослободително востание
11 декември - Денот на Националниот совет