Претседателите на националните совети на националните малцинства во Србија во Палата Србија остварија прва работна средба со новиот Министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ, со цел да го запознаат со главните предизвици кои се наоѓаат пред националните совети и нивнитер горечки проблеми. Главните теми беа спроведување на Акциониот план за Поглавитео 23 во рамки на придружувањето на Србија кон Европска унија, како и донесување на два клучна закона до крајот на годината измените и дополнениата на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства и измените и дополненијата на Законот за националните совети. Стана забор и за активираниот буџетски фонд за националните малцинства, а присутните претседатели и претставници на Советите, меѓу кои и претседателот на макеоднскиот национален совет Борче Величковски, ги истакнаа своите видувања за овие прашања.

tekst 2.2

Министерот Ружиќ истакана дека Националните совети на националните малцинства зедоа активно и партнерско учество во изработката на овие три битни документи за Република Србија и го изрази своето задоволство што оваа соработка се продолжува. Како битно го истакна и активирањето на буџетскиот фонд за националните малцинства кој иако се уште не располага со големи средства е знак на добра пракса за во иднината особено што е одредено средствата од овој фонд да се користат за информирањето на националните малцинства во Србија.

Министерот Ружиќ ги покани сите Национални совети на партнерска работа и директна комуникација со Министерството.

tekst2

Во своето обраќање председателот Величковски даде краток историјат на Националниот совет и ги истакна досегашните заложби и активности. Тој потенцираше дека во наредниот период е потребно да се решат три клучни прашања за да Националните совети функционираат несметано а тоа се решавање на статусот на Советите, нивната комплетна а не делумна професионализација и деполитизација на овие институции. Председателот Величковски во името на Советот упати честитки за новата функција до Министерот Ружиќ и го покани да го посети националниот совет, но му упати и лична покана за присуство на најголемиот македонски празники Илинден. Величковски истакна и дека македонската национална заендица во Србија е една од најлојалните заедници, која темелно работи на заштитата на своите малцински права и упати молба до Министерот да се заложи за сподобрување ена односите помеѓу Србија и Македонија.

Министерот се заблагодари на поканите и најави скорашна посета на Националниот совет.