Редовна седница на Координацијата на Националните совети на националните малцинства во Србија оджана е на почетокот на септември во палата Србија. На оваа седница, покорај редовните и тековни прашања, беа третирани и две теми кои се во моментот во фокусот на сите Национални совети: најзначајните прашања во областа на образованието и известување на работната група на Координацијата за изработка на Законот за правата и слободите на националните малцинства и Законот за Националните совети.

Во рамките на точката врзана за образованието на седницата присуствуваше Ана Марија Вичек, државен секретар задолжен за образование на јазиците на националните малцинства со своите соработници.

Таа ги извести присутните за досегашните активности на Министерството за просвета, наука и технолошкиот развој во делот на спроведувањето на анкетите за запишување на припадници на националните малцинства во училиштата со потполна или делумна настава на малцински јазик или во делот на спроведувањето на анкетите за запишување на припадници на националните малцинства во училиштата кај што се изучува предметот малцински јазик со елементи на националната култура.

координација

На седницата присуствуваше и претседателот на македонскиот национален совет Борче Величковски, кој на оваа тема ги истакна проблемите со кои се соочува Националниот совет, пред се недоволната кооперативнопст на поедините училишта и директори во прилика на спроведување на анкетите во училиштата, како и несоодветно и селективно анкетирање на учениците кога се во прашање изборните предмети од групата Б на обврзателни, изборни предмети. Тој потсети на ветувањето на Министерот Младен Шарчевиќ дека до крај на мај месец ќе се потпишат меморандуми и со оние Национални совети кои имаат настава само по предметот „Мајчин јазик со елементи на националната култур.’’

Државната секретарка Вичек истакна дека овие меморандуми се во тек на подготовка и дека се доцни со нивното потпишување бидејќи фокусот на Министерството беше во изработката на двата закона за образование кои во моментот се наоѓаат во собраниска процедура.

На крајот на седницата групата определена за работа на новите нацрти на законите за правата и слободите на националните малцинства и националните совети извести за сеуште бавниот напредок од страна на владиниот тим определен за пишувањето на овие битни законски решенија за националните малцинства во Србија.