За кусо време во однос на претходната, се одржа уште една седница на Координацијата на Националните совети на националните малцинства во Р.Србија, на која што присуствуваше и претседателот на македонскиот национален совет Борче Величковски. На оваа седница фокусот беше вперен кон нацртот и јавната расправа за новата Стратегиија за развој на културата на Р.Србија 2017-2027. Имено од страна на Координацијата се донесе единствен заклучок дека оваа Стратегија воопшто не ги препознава културите на националните малцинства во Србија, од каде што проиизлегува заклучок дека оваа Стратегија е всушност стратегија на српскиот народ во Р.Србија. Заземен е став Координацијата итно да испрати рекација и предлог на текст кој би бил воврстен во овој битен докумен за развој на културата на сите граѓани во Република Србија.

20170921 121001

Втората точка на оваа седница беше не помалку значајна. Имено на 4 октомври закажана е седница на Советот за национални малцинства на Р.Србија со кој претседава Министерот за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ. Оваа седница Координацијата ја искористи да направи подготовки за заеднички настап на сите Национални совети за седницата на Советот, а пред се во деловите на анализата на спроведените активности во Акциониот плана за поглавието 23 во приступните преговори за членство во Европската Унија, како и најавените Закони за правата и слободите на националните малцинства во Р.Србија и Националните совети на националните малцинства.

20170921 120950

Во третата точка Координацијата донесе заклучок по кој ќе предложи на Министерството за државна управа и локална самоуправа средствата од Фондот за националните малцинства и во 2018 година да бидат определени за областа на информирањето. Исто така Координацијата ќе бара редефинирање на овој Фонд и ставање на истиот во улога на реален фонд, а не конкурс како во моментот тој функционира.