Претседателот на македонскиот национален совет Борче Величковски оствари средба со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Р.Македонија г-дин Виктор Димовски и неговите соработници.

На покана на Државниот секретар на Министерството на надворешни работи на Република Македонија г-дин Виктор Димовски, претседателот на Националниот совет на македонската национална заедница Борче Величковски на 04 октомври ја посети Амбасадата на Р.Македонија во Р.Србија каде што во повеќечасовен разгвор, го избрифира новиот државен сектретар за активностите и предизвиците со кои се соочува македонаката национална заедница во Србија.

Во пријателски и крајно конструктивен разговор, на кој покрај соработниците на Државниот секетар присуствуваше и Амбасадорката на Р.Македонија во Р.Србије Н.Е. Вера Јовановска Типко, се разговараше за сите актуелни теми во македонската заедница, но фокусот најмногу беше вперен кон четирите области кои се приоритетни за Националниот совет, образованието, културата, информирањето и службената употреба на јазикот и писмото.

drzsek mnr

Државниот секретар го изрази своето задоволство со остварените резултати на Националниот совет во последниве десетина години и ја упати подршката кон зајакнувањето на активностите и одржувањто на нивниот континуитет. Тој нагласи дека досегашните резултати спрема негова проценка се импресивни особено ако се земат в предвид условите во кои Националниот совет работи, особено финансиите кои се речиси преполовени во однос на периодот кога Националниот совет беше формиран, а кога државниот секретар г-дин Виктор Димовски беше Амбасадор на Р.Македонија во Р.Србија.

На состанокот немаше теми кои не беа допрени со нагласување дека еден ваков состанок е премал за да се анализираат сите прашања на македонската национална заедница во Србија.

Од страна на Државниот секретар е ветена помош најприоритетно во областа на образованието на македонски јазик во Србија но и за останатите области.

На состанокот е најавена скорашната посета на Премиерот на Р.Македонија г-дин Зоран Заев на Србија во чии рамки ќе биде испланирана и средба со представници на Националниот совет на македонското национално малцинствокако и други организации.