Во Народната библиотека во Белград во организација на Министерството за култура и информирање се одржа последната јавна расправа за предлогот на Стратегијата за развојот на културата на Србија од 2017 до 2027 година.

Почетокот на јавната расправа во преполната сала беше обележан со демонстративно напуштање на собирот на представниците на Независната културна сцена на Србија (НКСС), кои ги поканиа сите присатни да ја бојкотираат јавната расправа со образложение дека сите досега одржани јавни расправи по оваа прашање се фарса и дека стратегијата е веќе одлучена и донесена без учество на јавноста, додека излагањето на поедини воведничари беше пропратени со истакнување на транспраренти на кои беше испишан слоганот „Вратите нам Врањске.''

Спрема зборовите на Министерот за култура и јавно информирање Владан Вукосављевиќ овој битен стратешки документ би требало да биде финализиран до половина на месецот октомври. Тој воедно истакна дека досега јавни расправи за овој документ кој ќе биде поодна основа за нов закон за култура во Р.Србија се одржани во седум градови и тоа покрај Белград во Нови Сад, Суботица ,Ужице, Косовска Митровица, Крагуевац и Ниш.

Покрај Министерот Вукосављевиќ уводни говори одржаа управникот на Народната библиотека на Србија Ласло Блашковиќ, директорот на Заводот за проучување на културниот развој Вук Вукичевиќ, професорот на Филолошкиот факултет во Белград Вељко Брбориќ, професорот на Факултетот за ликовни уметности Никола Шуица и директорот на Филмскиот центар на Србија Бобан Јевтиќ.

str kul 2017 2027

Испред Министерството за култура и информирање покрај Министерот на прашањата на присатните одговараа помошниците на Министерот Александар Фулгоси, Ивана Дениќ, Асја Драча Мунтеан, Дејан Масликовиќ и Оливера Живановиќ, секретарот на Министерот Игор Јовичиќ и советникот Драган Хамовиќ.

Прашањата во името на Националните совети на националните малцинства во Србија ги поставуваше Емил Лулиќ координатор испред Унгарскиот национален совет кој председава со Координацијата на националните совети, но за збор се јавуваа и други представници. Овие прашања беа конципирани на последната одржана Координација на 21 септември годинава. Прашањата најмногу беа насочени кон слабата застапеност на националните малцинства во овој нацрт на Стратегијата , во кој националните малцинства се спомнуваат во трагови.

Одговорот од страна на Министерството за култура и информирање беше дека правата на националните малцинства во Србија се регулирани со низа други закони а почнувајќи од Уставот на Р.Србија преку Законот за правата и слободите на националните малцинства во Србија па се до Законот за националните совети. Истакнато е дека со оваа стратегија не се намалува ниедно право кои овие закони ги регулираат.

Испред Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија присаствуваше председателот на Советот Борче Величковски.