На првата седница на Советот за национални малцинства од сазивот на новата влада, претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ, која и претседава со овој Совет, укажа на важноста на континуитетот на работата со советите на националните малцинства. Таа истакна и дека во Србија се почитуваат различностите и порача дека нашата земја ќе продолжи да води политика благодарејќи и на која во Европската унија ја препознаваат како еден од лидерите во работата со националните малцинства и почитувањето на нивните права. Покрај претседателите и претставниците на 19 национални совети, на седницата на Советот присуствуваше секретарот на македонскиот национален совет Зорица Митровиќ.

Приоритет за наредниот период ќе биде полна имплементација на акциониот план за остварувањето на правата на националните мацинства во Србија, бидејќи е завршен и четвртиот извештај и почна да се работи и на петтиот, со потполна соработка со наицоналните совети на националните малцинства. Премиерката најави и дека претстои завршување на работата на измените и дополненијата на Законот за правата и слободите на националните малцинства и Законот за националните совети на националните малцинства.

koordinacija4

- Важно е како Влада да што побрзо во Собранието ги испратиме на разлгедување тие два предлога на законот и секако да продолжиме да работиме на приоритетите онака како ги идендификуваа националните совети, а тоа се образованието и информирањето. Во таа смисла ќе се доделуваат средства од буџетскиот фонд за националните малцинства за информирањето на малцинските јазици - истакна Брнабиќ.

На седницата присуствуваа и претставници од Министерството за државна управа и локална самоуправа- државниот секретар Иван Бошњак, Министерството за култура - Министерот Владан Вукосављевиќ, Министерството за надворешни работи - државниот секретар Вељко Одаловиќ, Министерството за образование - државниот секретар Анамарија Вичек, директорката за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ.

Министерот за култура и информирање ги претстави сите резултати од конкуристе што ги распишува министерството во областа на културата и информирањето на националните малцинства, и истакна една нова улога на националните совети на националните малцинства кои покрај давање на мислења кои проекти ги поддржуваат, ќе даваат и мислења на реализираните проекти односно нивните резултати.

Државниот секретар Иван Бошњак истакна дека е распишан конкурсот за средства од Буџетскиот фонд за малцинствата, кој од наредната година ќе биди комплетно ставен во функција со вработени лица и барем 10 пати поголем фонд од овогодинештниот. Приоритетите за финансирање, како и до сега ќе се координираат со националните совети, а ќе се отвори можност и самите национални совети да конкурираат за средства во него.

Директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ истакна дека Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства Владата го усвои во март минатата година, и да за него Советот редовно разговара и расправа, како и дека во процесот за известување за тој документ учествуваат повеќе од 400 луѓе кои на секој три месеци собираат информации за тоа како се спроведуваат активностите на терен.

Во претходниот период се спроведуваше околу 65 одсто од активностите кои се предвидени за тој квартал,и има доцнење во спроведувањето на 10 активности кои се поврзани со почетоток на реализација на одредените проекти, истака Пауновиќ.

koordinacija3 5

Претседателот на унгарскиот национален совет, кој воедно е и претседател на Координацијата на националните совети изрази задоволство што претседателката на Владата претседава со овој совет и истакна дека соработката во наредните месеци ќе биде посебно изразена во рамките на работата на законите за човекови и малцински права, стратегија за културата, медиумите, законот за образование, кои на националните совети и припадниците на националните малцинства се од исклучителна важност.