Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 10241

По повод претставувањето на шестиот редовен извештај за спроведување на активностите во рамки на Акциониот План 23 за остварување на правата на националните малцинства во Република Србија се одржа конференција во Палатата Србија. Конференцијата ја отвори Сузана Пауновиќ ВД Директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права . Таа истакна дека овој извештај се однесува на четвртиот квартал во 2017 година и дека активностите за спроведување на овој Акционен план редовно се следат.

Пауновиќ наведе дека од седумдесет и шест носители на активностите, единаесет немаат доставено свои прилоѕи за овој циклус на известување, од кои осум се Национални совети на националните малцинства. Според нејзините зборови 66% од пристигнатите активности за овој извештаен период е реализирано или со успех се реализира.

3 10

По спроведување на обука за пишување на вакви извештаи кои имаа за цел да го подигнат квалитетот на известувањето, прилози за шестиот извештај за спроведување на АП за малцинствата доставиа и четириесет локални самоуправи и дваесет совети за меѓунационални односи. Пауновиќ потсети дека Канцеларијата ќе продолжи со унапредување на системот на известување за спроведување на Акциониот план и дека шестиот извештај содржи податоци за спроведување на активностите и на локалното ниво.

Во тек е собирање на прилози за седмиот циклус на известување и во наредниот период Канцеларијата ќе го подготви и овој извештај. На Конференцијата присаствуваа представници на државните институции, меѓународни организации и Националните совети на националните малцинства.

8 7

Националниот совет на македонското национално малцинство кое спаѓа во ред на редовните и ажурните вклучени Совети, го претставуваше претседателот на Советот Борче Величковски.