Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 11475

На годинашната листа „40 под 40“ која што ја објави Обединетата македонска дијаспора со 40 продуктивни и талентирани Македонци на возраст под 40 години кои творат ширум земјината топка и се сметаат за успешни лидери, се најде и секретарот на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ.

На листата се наоѓаат успешни луѓе од различни области, технологија, бизнис, човекови права, недвижности, медицина, фитнес, финансии, уметност, а нашата Зорица гордо стои на листата меѓу првите 10, како што ги нарече ОМД „лидери кои брилираа и се одобрени како модели во нашите заедници“.

40under40 zorica

 - Ова признание за мене претставува голема госродст, чест и среќа, но и поттик и сатисфакција за понатамошната работа. Исто така е и своевидна потврда дека македонската национална заедница, во чии што рамки јас работам и благодарејќи на која и се стекнав со оваа признание, е на добар пат и прави добри и долгорочни резултати. Тоа се постигнува со голема посветеност и ангажман на голем број на припадници на заедницата низ цела Србија и драго ми е што тоа сега веќе е препознаено и во целиот свет. Ова признание е и порака за нив дека можат да сметаат на мене уште многу години, и би сакала ова да биде и добар мотив за наредните генерации, да преку својот ангажман во македонската заедница придонесат во постигнувањето на уште подобри резултати.

Процесот на избор за листата ,,40 под 40'' е направен со номинации, а тим членови на ОМД ги прави селекциите. Координаторката Ангелина Марковска од ОМД вели дека "Овие лица се високо продуктивни и талентирани Македонци на кои не е важно само да им се признае она што го постигнале, туку да се претстaват како лидери од кои останатите во дијаспората ќе учат. Тие се позитивни примери за идните генерации на Македонци, особено на следната генерација лидери'' истакна Марковска.

Наградата се доделува еднаш во две години, а наскоро ќе биде објавено списанието со биографиите на наградените.