Печати
Категорија: Образование
Посети: 16005

Заедно со претседателот на Македонскиот национале совет Борче Величковски и Зорица Митровиќ секретар на советот, општината Пландиште ја посети и Васко Грков вд амбасадор на Р.Македонија во Србија. Гостите званично ги прими заменик на претседателот на Собранието на општината Пландиште Владан Младеновиќ, заедно со Мирослав Петровиќ директорот на Културниот центар ,,Вук Караџиќ'' и претставниците на здружението ,,Вардар Пландиште'' Никола Кипровски и Боро Костадиновски. Во разговорот е претставена општината Пландиште, во која се 5 јазици во службена употреба, од кои еден е и македонскиот и по тоа е единствена општина во светот.

poseta plandište 1

Повод за посетата беше обезбедување на учебници за учениците кои од второто полугодие на школската 2017/2018 година го учат Македонскиот јазик со елементите на националната култура, како изборен предмет. Заедно со домаќините, гостите прво ги посетија учениците на Основното училиште ,,Доситеј Обрадовиќ'' во Пландиште, каде што заедно со директорот Сава Дивљаков и наставникот Александар Ангеловски на учениците им поделија учебници. Во ова училиште вкупно 10 ученици го изучуваат овој предмет.

poseta plandiste 4

Во основното училиште ,,Јован Јовановиќ Змај'' во Хајдучица гостите ги дочекаа директорот Мирослав Маричиќ и наставникот Бошко Маленовиќ. Во ова училиште 9 ученици од Хајдучица, Стари Лец и Дужине го изучуваат предметот Македонски јазик со елементи на националната култура, а бидејќи часовите се одржуваат два пати неделно по редовната настава за учениците е обезбеден и превоз. И во ова училиште гостите од Нациоанлниот совет и македонската амбасада на учениците им подарија учебници, како и најновиот број на детското списание Ѕуница.

poseta plandiste 6

На крајот од посетата, Амбасадотор им се заблагодари на домаќините на гостопримството и истакна дека неговиот главен приоритет во работата како претставник на Република Македонија во Србија е поврзување на двата народи, што во Пландиште веќе очигледно успешно се остварува. Тој изрази надеж и дека соработката со општината Пландиште ќе биде уште подобра и упати повик на училиштата да организираат со учениците посета на македонската амбасада во Белград.

poseta plandiste 5