Седница на Советот за националните малцинства, на која претседаваше претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, одржана е во просториите на Владата на Република Србија во Белград, со неколку точки на дневен ред, од кои најважната беше измена на Нацртот на законот за измените и дополненијата на Законот за националните совети на националните малцинства во Србија. На седницата учествуваше претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски.

savet nsm

Пред да започни седницата на Советот, беше одржана седница на Координацијата на која што се донесени неколку заклучоци кои се однесуваат на наопходните интервенции во рамките на Нацртот на законот за измените и дополненијата на Законот за националните совети на националните малцинства. Во името на координацијата, претседателот на Унгарскиот национален совет Јано Хајнал ги презентираше овие заклучоци и побара од премиерката да организира сесија, на која би дошле сите соодветни министри и претставници на сите национални совети.

Премиерката Брнабиќ потсети дека во јавната расправа, која што беше организирана од 29 март до 18 април, учествуваа и државните органи, органите на АП Војводине, политичките партии и покрети, здруженија, како и поединци.

Таа истакна дека Советот за националните малцинства е од исклучително значење за нашата држава и дека политиката на владата се заснива на толеранцијата, почитувањето на правата на националните малцинства и нивното интегрирање во пошироката општествена заедница. Таа нагласи и дека нивото на дискриминација на малцинските групи и припадниците на националните заедници е во опаѓање, но за да станеме во потполност инклузивно општество, мораме уште многу да направиме.

Премиерката истакна и дека предложениот рок за распишување на изборите за националните совети ќе биде помеѓу 27 јули и 28 август, а рок до кој ќе се одржат изборите е најкасно до 4 ноември оваа година.

savet nsm 2

Министерот за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ потсети дека на минатата седница на Советот е донесена одлука, информирањето на јазиците на националните малцинства да остане приоритетна област за финансирање и во 2018 година, од страна на Буџетскиот фонд за малцинствата, кој е во однос на претходната година зголемен 12 пати и изнесува 21,8 милиони динари. Ружиќ наведе и дека на 7 мај е распишан конкурсот за додела на средства од овој фонд.

Директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ го претстави Шестиот извештај за спроведување на Акциониот план за остварувањето на правата на националните малцинсва, истакнувајќи дека во тек е изработката на Седмиот извештај, чие претставување е планирано за почеток на месец јуни.

Претставниците на националните совети на националните малцинства, беа запознаени и со значењето на проектот Адресен регистер, кој се реализира заедно со Републичкиот геодетски завод, Пошта, Постојана конференција на градови и општини и локалната самоуправа. Ажурирање на адресниот регистер е уште еден од важните чекори во воведувањето на ред во државата и модернизацијата на државната управа, што на граѓаните и стопанството ќе им овозможи ефикасни и лесно достапни услуги кои ги овозможува државата.