Известени сме дека во Македонска улица во Белград на столбот пред парфимеријата ,,ДМ'' наспроти седиштето на весникот ,,Политика'' и Радио Белград осамна графит ,,Смрт Македонцима''  во превод ,,Смрт на Македонците''.

FB IMG 1534253113424

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најостро го осудува секој вид на искажување на верската, расна или национална нетрпеливост и омраза. Припадниците на македонската национална заедница, како равноправни граѓани на Република Србија од секогаш го почитуваа уставниот поредок, законите и прописите на државата која што има повеќе од јасна намера да стане припадник на народите обединети во Европската унија.

Сметаме дека е недозволиво и најостро го осудуваме искажувањето на нетолеранција или омразата према македонскиот народ. Од тие причини, претседателот на Македонскиот национален совет побара од надлежните институции да ги преземат сите мерки од декокругот на нивните овластувања и надлежности, за да овој графит биде избришан, починителите најдени и казнети, за да ваков гест никогаш повеќе не би се повторил.