Ве известуваме дека на ден 30 јули 2018 година, Собранието на Република Македонија, донесе Одлука за распишување на референдум за консултирање на граѓаните на целата територија на Република Македонија, кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година.

На референдумот на државно ниво во дипломатско- конзуларните претставништва можат да гласаат само државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од избирачкиот список.

Гласањето во дипломатско- конзуларните претставништва ќе се одржи на ден 29 септември 2018 година (сабота) во периодот од 07-19 часот, по локално време.

За таа цел, на крајот од ова известување можете да ги најдите обрасците за Барање и Пријава за гласањето на референдумот.

Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, може да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија во периодот од 9 август до 23 август 2018. Увидот може да се изврши и преку интернет страницата на Државната изборна комисија https://izbirackispisok.gov.mk/dijaspora/

Од денот на започнување на јавниот увид до завршувањето на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, можат да достават своерачно потпишана пријава за гласање до Дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии на Република Македонија, или пријавата да ја испратат преку веб апликацијата поставена на интернет страницата на Државната изборна комисија. https://dijaspora.sec.mk/

БАРАЊЕ

ПРИЈАВА