На 22 јун во вечерните часови во Качарево со нова детска театарска представа „Весела училница'' се представи младата драмско-театарска група „Видоје Дојчиновски-Даскалот„. Оваа група формирана од најмладите припадници на македонската национална заедница од кои одреден број го изучуваат предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура„ во Основното училиште „Жарко Зрењанин„ во Качарево под водство на Љиљана Најдовска и Александра Милопевска покажаа дека иако младоформирана аматерска група ги поставуваат новите стандарди на работењето и понатамошните активности на заштитата на националниот идентитет, културата, јазикот и традицијата на македонскиот народ на овие простори. Во улога на режисерки на оваа представа се појавиа Александра Несторовска и Љиљана Најдовска, а во преполната сала на Домот на младината во Качарево драмската група „Видоје Дојчиновски Даскалот„ пленеше со сите елементи на познавање на глумачкиот занает, прекрасна изведба на вокланите делници и одлично познавање на македонскиот јазик.

Присатните како и младите актери ги поздрави председателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски, кој не го криеше своето задоволство со новата поставка на новиот проект на Македонците во Србија-актерството, драмата и уметничкиот израз на најмладите припадници на македонската национална заедница во Србија. Тој ги охрабри младите актери и посочи дека и Националниот совет и здружениајата на македонското национално малцинство во Србија , акако што тоа го чини здруженито „Вардар„ од Качарево треба да изнајдат сили уште поцврсто да ги подржат ваквите проекти.