Денес се простуваме со еден од најголемите македонски културни дејци на овие простори и Амбасадор на Република Македонија во Белград од 2009 до 2013 година, Љубиша Георгиевски.

Македонската заедница во Србија имаше чест и задоволство да го запознае овој, пред се прекрасен човек, кој со своите дела остави неизбришлива трага во нашето културно и општествeно живеење. Со своите дела, активности и заложби како Амбасадор на Република Македонија во Република Србија даде исклучителен придонес во зачувувањето на македонскиот национален идентитет, промоција на македонската култура и уметност, како и во образованието на македонски јазик на овие простори, за што вечно ќе сме благодарни.

Иако нема соодветни зборови кои можат да ја надоместат загубата, во овие тажни мигови изразуваме најискрено и најдлабоко сочувство до семејството и до целата македонска јавност.

Нека почива во мир.

Национален совет на македонското национално малцинство во Република Србија

397935 590502900974142 884411708 n 598499 508164175874682 816357472 n
ljubisa 12346 590503017640797 1136867876 n 154637 102752969798303 4255256 n 250798 217613674929735 3551677 n

Љубиша Георгиевски (30 мај 1937, Битола – 6 декември 2018, Скопје) беше театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Како политичар, бил кандидат за Претседател на Република Македонија (1994), амбасадор во Бугарија (2000-2004), во Република Србија (2009-2013) како и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).
Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.
Како театарски режисер, имаше поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра.
Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.
Имаше објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.
Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.
Во родната Битола, добитник е на наградата „4 Ноември“ на градот Битола.
Беше познат и како полиглот со одлично познавање на англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а активно се служеше и со словенечкиот, полскиот и романскиот јазик.