Конститутивна седница на Националниот совет на македонското национално малцинство одржана е на 02 декември во големата сала на Собранието на градот Панчево, на која што се потврдени мандатите на сите 23 члена на Советот. Уверенијата за избор за членови на Националниот совет ги врачи носителот на листата која што ги освои сите мандати, Борче Величковски. 

Одма потоа одржана е и првата редовна седница на која што е избран претседател на Националниот совет и на на која што е усвоен новиот Статут на Советот. Оваа чест во континуитет по трет пат едногласно му е доверена на досегашниот претседател Борче Величковски. 

kons.sednica

- Составот на новиот мандат на Националниот совет е подмладен. Во него влегоа 11 нови членови меѓу кои има и одреден број на млади луѓе. Се надевам дека нивната енергија и знаење и искуството на постарите членови ќе успееме да се избориме со сите предизвици на кои ќе наидеме во наредните четири години - истакна Борче Величковски заблагодарувајќи им се на присутните по изборот.

Според неговите зборови секој мандат е нов предизвик, а патот кој води кон успехот не треба да се менува. Тој е убеден дека само нов пристап и поинаков начин на работа ќе и дадат нова вредност на македонската заедница во Србија.

И понатаму ќе се работи на истиот начин како и досегак, но со пронаоѓање на на нови вредности. Како патоказ во работата на Советот во иднина ќе послужи слоганот ,,Со разговор до договор'' а тоа значи дека ќе бидат повикани сите припадници да се придружат и да дадат свој придонес.

I sednica

Во сето тоа е убеден и Марјан Јовановски, првиор скеретар во македонската амбасада во Белград, кој ја следеше седницата. Честитајќи го изборот на членовите на Советот им порача да бидат сложни и да заборават на сите недоразбирања.

- На сите вас, предводени од претседателот, ви посакувам да имате успешен четиригодишен мандат, заеднички да се радувате на сите успеси и активности што макеоднското национално малцинство ќе ги оствари во РепубликаСрбија. Сакајте ја Република Македонија, но почитувајте ја и сакајте ја и Република Србија, рече на крајот Марјан Јованоски.

По завршувањето на седницата уприличен е и коктел во просториите на Советот.