ГО ПРЕНЕСУВАМЕ СООПШТЕНИТО НА АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО БЕЛГРАД

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека во сабота на 20 април 2019 година, од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Белград, на адреса: „Господар Јевремова" број 34, ќе се спроведе гласањето за нов Претседател на Република Македонија.

Право на глас ќе имаат сите македонски државјани кои во период од 08 февруари до 14 март 2019 година се пријавиле преку онлајн апликацијата на Државната изборна комисија или преку Амбасадата на Република Македонија во Белград и кои добиле Решение од Државната изборна комисија со кое на лицето му се овозможува правото на глас да го оствари во Амбасадата на Република Македонија во Белград.

За проверка на состојбата на Избирачкиот список за лицата кои ќе гласаат во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, кликнете на следниот линк:

https://izbirackispisok.gov.mk/

За пополнување на електронска пријава за гласање, кликнете на следниот линк:

https://dijaspora.sec.mk/

Лицата кои се запишани во посебниот извод од Избирачкиот список ќе можат да го остварат своето право на глас, доколку поседуваат важечка македонска патна исправа или важечка македонска лична карта, со која ќе се идентификуваат на денот на гласањето.

За секоја дополнителна информација можете да се обратите до Амбасадата на меил belgrade@mfa.gov.mk