На втората редовна седница вочетвртиот мандат на Македонскиот национален совет во Србија, одржана на 26 јануари во Панчево, избрани се сите органи и тела со што се створени услови за работа во четирите области за кои е надлежна оваа институција.

Благоја Соколовски од Јабука, Иван Митровски од Панчево и Пецо Ристески од Врање избрани се за потпретседатели на Советот. Функцијата претседател на Извршен одбор ќе ја извршува Никола Кипровски од Пландиште, а за потпретседател е избран Добре Трајковски од Јабука.

За претседател на одборот за образование избрана е повторно Маре Каранфиловиќ од Лесковац, а за потпретседател Зорица Лазаревиќ од Панчево. Одборот за култура во наредните четири години ќе го води Благе Петрушевски од Ниш, со помош на Дарко Ристески од Гудурица. Јулијана Милутиновиќ од Нови Сад избрана е за претседател на одборот за информирање, а за потпретседател на овој одбор избран е Златко Јанкуловски. Во одборот за службена употреба на јазикот и писмото за претседател и потпретседател избрани се Новица Дукадиновски од Панчево и Боро Костадиновски од Пландиште.

Избрани се и членовите на консултативните тела, па така телото за спорт и млади ќе го води Душан Жилевски од Јабука, за родна рамноправност Снежана Станковски од Јабука, за соработка со Македонија Илинка Ражнатовиќ од Белград, додека телото за статутарно правни прашања и понатаму ќе го води Ранко Бебекоски од Белград.

Сите органи и тела избрани се на предлог на претседателот на Советот Борче Величковски, кој истакна дека за да дојде до овие, според него најдобри предлози, ги зеде во обзир сите можни елементи и пред изборите и после изборите, бројот на електорите, квалитетите, можностите, политичката равнотежа, како и предлозите кои што му ги упатија членовите на Советот.

Покрај други документи и акти на Советот, усвоен е и завршниот финансов извештај за 2018 година, како и програмската шема и програмскиот финансов план за 2019 година, ускладен со новиот закон за националните совети.