Културно-уметничкото друштво „Васил Хаџиманов” од Јабука кое постои и работи од 1963 година со променливи успеси, последните години за жал беше само друштво на хартија. Негде од јануари минатата година со иницијатива на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Здружението на граѓани припадници на македонсктото национално малцинство „Илинден” од Јабука, а во соработка со Домот на културата „Кочо Рацин” од Јабука и МЗ Јабука се постави нов управен одбор на друштвото а на чело е избран Милорад Младеновски од Јабука.

Под покровителство на Националниот совет, друштвото во тек на 2018-та година интензивно работеше на анимирање на членството, и формирање на почетна група која ќе се обиде повторно да го врати стариот сјај на најстарата организација која се бави со заштита на македонското национално наследство, култура, традиција и препознатливиот седум-осмински такт. По повод училишната слава Свети Сава, Културно-уметничкото друштво по прв пат после подолга пауза се представи на домашната јавност согледно самиот празник со препознатливо оро од Србија и со тоа најави зајакнато дејствување во иднината. Според зборовите на председателот на друштвото Милорад Младеновски, кудот успешно ја преброди почетната година на реафирмација, најнапред благодарајеќи на Националниот совет на македонската национална заедница која логистички но и финансијски застана зад друштвото. Националниот совет во својот буџет за 2019-та година, кој е усвоен на седницата на Советот одржана кон крајот на јануари месец годинава, има предвидено средства за функционирање на друштвото.

„Од февруари месец со нов кореограф, друштвото е на пат да прејде на следната скала –истакнува г-дин Младеновски и додава дека во планот на друштвото за 2019-та година е пред се да се зголеми бројот на членовите, да се анимираат ветераните од оваа друштво и да се повторно постават кореографиите на прочуениот кореграф од Наионалниот ансамбл на Република Македонија „Танец”, г-динот Киро Велков, кој дамнешните седумдесети години од минатиот век специјално за оваа друштво ги постави корегорафиите од источна Македонија „Копачка” и од западна Македонија „Драчевка”.