Традиционално, ден воочи дочекот на православната Нова Година, во Качарево во организација на здружението „Вардар” од Качарево, со подршка на Центарот за заштита на традицијата „Тоше Проески” и театарското катче „Видоје Дојчиновски-Даскалот” , а под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија беше уприличен настан кој во својата основа има задача да ги сочува старите традиционални обичаи од заборавот. Покрај членовите на здружението и жителите на Качарево на настанот беше присутен и претседателотн на Советот Борче Величковски.

Во продолжение на настанот во просториите на здружението, членовите на драмското катче „Видоје Дојчиновски-Даскалот” уприличиа рецитал а се представиа и постарите членки на здружението „Вардар” од Качарево со кажување на пробрани стихови. Во добар дух и ведро расположение, сите присатни меѓусебно си посакаа добро здравје, среќа и бериќет.

Инаку коледарство е традиција во народот, од која, од Божик до Богојавление, секоја куќа во селотo ја посетувале групи маскирани млади луѓе кои што пееле песни и божем изведувале различни маѓијски дела, сите со желба да влијаат врз здравјето и посакувале куќата да е полна со успешни и напредни работи. Коледарите за возврат добивале подароци од секоја куќа. Кога би ја отпеале песната, влегувајќи во куќата, барале да бидат дарувани со различни видови храна, а децата ги плашеле дека ќе ги обесат за синџир. Обичајот е познат во Македонија и источна и јужна Србија.

Суроварите од друга страна пак биле церемонијална поворка, еден вид на коледари, кој ги посетувале домаќинствата во селото во пресрет на Новата година. Името на ритуалот е поврзано со сличните имиња на новогодишната ноќ, кои се изведувале во македонските и бугарските региони. Во јужна Србија се користел терминот Сурва, бубачка. Сурва, Сурава, родоп. Сурвак, и го одбележувале празникот Св. Василиј. По правило, во процесијата, суроварите сочинети од маскирана машка трупа би отишле кај "невестата" (свекрва, баба), "зетот" и други невестински актери (стари, свекрва, свадбени гости и сл). Како и кај другите маскирани поворки кои ја имитирале нпр. свадбата, "невестата" би носела "дете", изработено од дрво. Учесниците во процесијата носеле ѕвона, прачки и правеле голема бучава, со цел да се ослободат од нечистите сили-караконџулите, која наводно била особено активна во текот на тие денови и, како што се сметало, можела да ги повреди луѓето, добитокот и културите засадени во поле. Суроварите енергично извикувале: "Сурово-Бурово!" или само "Сурово!", додека не би им одговориле од куќата. Потоа суроварите би ределе благослови за богатството на куќата, плодноста на добитокот, плодноста на почвата и барале да се даруваат со суровини од домаќинот (им се давало месо, ракија, брашно, шеќер). Ако домаќините не ја отвореле вратата, суроварите би ги извикувале клетвите, на пр. "Никогаш нема да можеш да ја отвориш куќата!" или "Сурово-борово, купувај се ќораво. Во некој области на Македонија и јужна Србија, за суроварите, ноќ претходно, домаќинката би подготвила посебен леб – суроварско кравајче.