Во Владата на Автономна Покраина Војводина,во просториите на Секретаријатот за образование,прописи, управа и национални малцинства се одржа состанок помеѓу покраинскиот секретар Михаљ Њилаш и новоизбраните председатели и представници на Националните совети на националните малцинства кои имаат седиште на територија на покраината. На овој состанок, каде што Македонскиот национален совет го представуваа председателот Борче Величковски и членот на Советот Озрен Симјановски,сите новизбрани представници има можност меѓусебно поблиску да се запознаат и да дадат свои предлози за продолжување на, како е оценето досегашната успешна соработка со овој Секретаријат.

СЛИКА ОЗРЕН И БОРЧЕ

Секретарот Њилаш изрази задоволство од успешно спроведените избори за Националните совети на кои предходеа и донесување или измени на сет закони а пред се Законот за Националните совет, Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства и Законот за матичните книги. На состанокоти да стана збор и за новите одредници на законот по кој средствата кои се добиваат од страна на буџетот на Република Србија, АПВ или локалните смоуправи можат да се трошат во износ од 50% за постојаните и 50% за редовните трошоци на еден национален совет. Оваа новина предизвика нова состојба, која, по зборовите на некој од присатните представници на бројно помалите национални совети, ќе представува голем проблем во функционирањето на овие совети. На територија на АПВ свое седиште имаат 17 национални совети, кои се, покрај средствата од страна на Републиката финансирани и од дополнителни средства преку Секретаријатот за образование, прописи, управа и национални малцинства на АПВ. Секретарот на Секретаријатот г-дин Михаљ Њилаш изрази надеж дека наскоро ќе се знае со колку средства ќе функционираат националните совети со седиште на територија на АПВ и дека во најскоро време ќе се потпишат новите договори. Представниците на Националните совети не пропуштиа прилика да се заблагодарат до надлежниот Секретаријат за досегашната успешна соработка.