Министерството за образование, наука и технолошки развој ќе спроведе обука со цел подобрување на јазичните компетенции на наставниците на јазиците на националните малцинства кои спроведуваат севкупна настава на својот мајчин јазик, рече на состанокот државниот секретар на министерството за образование, Анамарија Вичек. Националниот совет на македонското национално малцинство го представуваше председателот Борче Величковски.

На работниот состанок со новоизбраните представници  на националните совети на националните малцинства кој се одржа на 22 јануари 2019 година во Министерството за образование, Вичек го претстави планот за следниот период. Таа ги покани претставниците на националните совети активно да соработуваат и да работат заедно.

Obrazovanje slika 2

На средбата, чија цел беше запознавање со образовниот систем во Република Србија и сегашната состојба во областа на образованието на националните малцинства,  стана збор и за добивање на можност за увоз на учебници на јазиците на националните малцинства за основно училиште.

Претставник на Институтот за унапредување на образованието, Виолета Влајковиќ Бојиќ ја презентираше процедурата за усвојување на наставни програми и програми за учење, општи карактеристики и структура на програмите за настава и учење.

Влајковиќ Бојиќ ја нагласи подготвеноста на ЗУОВ за поддршка на националните совети во оваа работа.

Претставниците на националните совети на националните малцинства изразија подготвеност да работат уште поактивно за да ја подобрат положбата на своите сонародници и истакнаа дека очекуваат поддршка од Министерството како и досега.

На состанокот присуствуваа претставници на 21 национален совет, кои неодамна беа конституирани по изборите за советите на националните малцинства одржани во ноември 2018 година.