Од 22. мај до 31. мај 2019 година беше одржана манифестација „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НОВИ САД“ која по тринаесети пат, ја организира Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ од Нови Сад. 

Во Студио „М“ на Радио Нови Сад, во амбиент на колоритот на македонското знаме беше одржана традиционална 13-та СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА посветена на словенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, Патроните на нашето Здружениесо пригодна програма, во присуство на бројни гости и посетитители, на која в.д. Амбасадорот на Република Северна Македонија, господин Александар Поповски, манифестацијата ја прогласи за отворена!

                                         

Организатор на Свечeната академија,која е во рамките на тринаесетата манифестација ,,Денови на македонската култура во Нови Сад“ е Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство ,,Кирил и Методиј'', кое повеќе од една деценија ги обележува Деновите на македонската култура и Денот на Кирил и Методиј, а во соработка со Јавната медиумска установа Радио-телевизија Војводина и емисијата на македонски јазик ,,Македонско сонце“.


Претседателот на Националниот совет, господин Борче Величковски, и се обрати на публиката со неколку збора за улогата и значењето на просветителите кои ги празнуваме, а на Здружението го честита празникот и ни посака уште долго да го славиме. Покрај претседателот присутни беа и претседателот  на Извршен одбор Никола Кипровски и претседателот на Одборот за службена употреба на јазикот и писмото Новица Дукадиновски.

Слика 2

Присутните ги поздрави и организаторката на Манифестацијата Васка Чергоска која меѓу другото истакна ,,Ќе го продолжиме делото на Светите браќа: да се зближиме, соработуваме, унапредувајќи го заедничкиот живот со сите народи. Нека ни е за многу години големиот празник! ''

Се од втората половина на деветиот век кога светите браќа родени во Солун почнале меѓу Словените да ја шират писменоста и христијанството , трае историјата на словенската култура.

Кирил го создал првото словенско писмо-глаголицата, на која се испишани преводите на црквените книги на словенски јазик. Со тоа створиле први словенски литературен јазик, и ги поставиле темелите на словенската литература.

По eдинаесет векови благодарни   сме им на Светите браќа Кирил и Методиј, затоа што ни го покажаа патот: како да го сочуваме и негуваме својот јазик, културата, традицијата и идентитетот.

Нашето Здружение ,,Кирил и Методиј'', следејќи ги нивните пораки, секоја година со различни програми, го обележува празникот на Светите Кирил и Методиј, со кои го представуваме уметничко творештво на припадниците на својата национална заедница, се собираме и дружиме на литературни вечери, предавања, изложби, концерти....


Предавање за значењето на ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ, одржа асистентката од Филозофскиот факултет од Нови Сад, Мирјана Ќопа, која не потсети на значењето на нашите просветители Кирил и Методиј.


Културно-уметничката програма ја започна ,,Пеачката група од Јабука,“, која ги отпеа познатите македонски изворни песни : Македонско девојче“, „Лажи, лажи Вере“ , „Туѓината пуста да остане“, „Елено ќерко“, „Како што е таа чаша“ , „Не се бели Маре мори“,„ Битола мој роден крај“, „Бело лице љубам ја“, „ Брала мома капини“, со кои ни ги разгалија нашите срца .

Слика 3


Учениците од Средното Музичко училиште „Исидор Бајиќ“ од Нови Сад , во класата на професорот Игор Јосифоски: Симона Деретиќ на виолина, Исидора Крмпотиќ на виолончело и Јелена Клисуриќ на клавир, настапија со класична музика, изведоа “Музика за Три инструмента” од Ковалски, и ни приредија прекрасен настап.


Од истото училиште, со впечатлива изведба на клавир на “Две поеми” од Александра Скрјабина, ни се представи и ученикот Бошко Стојадиновиќ, во класата на професорката Олга Борзенко.


А сопранот Силвиа Минеа, која на клавир ја пратеше Маја Грујиќ, прекрасно отпеа три арии „Стојанке“ од Јосиф Маринковиќ, како и „Живкова ташта“ и „Трипут чукни“ од Петар Коњовиќ.


Сите учесниците доптринесоа во збогатувањето на културната содржина,а со цел достојно представување на дел од културата на Република Македонија во Република Србија.

Водител на програмата беше Златко Јанкуловски од РТВ Војводина.

Здружението освен основанта цел која ја има, а тоа е зачувување на националниот и културниот идентитет, голем придонес има и во соработката со другите национални заедници од овие простори, а со цел на развивање на толерантноста и мултикултуралноста. Во таа насока, на ,, Вечер на изворната песна и фолклорот“ која беше одржана во Културниот центар на Град Нови Сад, гости ни беа КУД ,,Стеван Владислав Каќански-Бард“ од Србобран кои ни приредија фантастичен концерт за памтење, со нивните кореографии: „Игри од Куманово“, Сплет на песни, многу убава кореографија им беше на „Биљана платно белеше“ и „Калајџиско оро“, како и „Свадбени песни и игри од Призрен“ и „Игри од Врање“ .


Прекрасен настап имаа и Пеачката група ,,Македонски бисери“ од Пландиште со два сплета на македонски песни и тоа: ,,Давај ме, мила мамо давај ме“, „Ајде ,ајде моме Стојне“, „Мало моме цвеќе брало“, ,,На Струга дуќан да имам“, „Пилето ми пее“ и „Слушам кај шумат шумите“, како и нивната рецитаторска група составена од: Љубуца Граовац, Виолета Станковски и Зорана Петровиќ, кои ни ги рецитираа песните: „Т,га за југ“ од Константин Миладинов , „Војводино моја“ од Живко Стојановски и „Јас имам избор“ од Славка Арсова.

Водител на културно-уметничката програма беше Гордана Стрика.

Представувајќи ги уметниците и нивните дела, се трудиме да го сочуваме својот јазик, културата и традицијата. Затоа во рамките на Манифестацијата во Културниот центар на Војводина ,,Милош Црњански“, беше поставена ,,Изложба на скулптури“ на академскиот вајар Синиша Новески, истакнат ликовен уметник, кој во Србија создава дела со кои ги поврзува народите на овие простори. Со своите дела зборува за човекот и неговиот живот, за историјата, митовите, љубовта... Зборува за Македонија и Србија, земјите во кои народите се многу блиску поврзани, и тоа не само географски, а оваа Изложба истото и го потврди. Изложбата ја отвори господинот Лазар Марковиќ, ликовен уметник.

На крајот на Манифестацијата, во Друштвото на писатели на Војводина одржана е и „Литературно-поетска вечеркоја ја припремија студентите од Филозофскиот факултет во Нови Сад, кои го изучуваат македонскиот јазик семестрално, и тоа : Сандра Субиќ, Даница Томаш и Димитрије Анѓелковиќ. Учењето на јазикот е од големо значење за секој човек, бидејќи колку јазици познаваш, толку вредиш.Тие ги рецитираа стиховите на песните од познатите македонските поети:„Светот и ние“ од Цане Андреевски, „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, ,,Селска мака“ и ,,Утрото над нас“ од Кочо Рацин, како и преводи на македонски јазик на песните ,,Светли гробови“ од Јован Јовановиќ Змај и ,, Детство“ и „Крвава бајка“ од Десанка Максимовиќ.


Студентите пријатно не изненадија со знаењето на јазикот и акцентот им е одличен , со што ја збогатија програмата.


И оваа Манифестација, како и сите претходните, изобилуваше со богата и разновидна програма, сеопфатно од сите сегменти на културата, јазикот, уметноста, литературата, се она за што Здружението „Кирил и Методиј“ се залага во својата дејност, а се во извонредна

организација на госпоѓата Васка Чергоска.

                                                                                                              

Текстот го припреми Васка Чергоска