Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 9136

Канцеларијата ѕа човечки и малцински права на Република Србија во соработка со Канцеларијата на Советот на Европа на 19 март организираше претставување на резултатите кои се однесуваат на спроведувањето на Акционот план за остварување на правата на националните малцинства во рамките на проектот ,,Зајакнување на заштитата на националните малцинства во Србија".

Zoka Kljmp

Во рамки на овој проект е изработена Анализа на извештајот за примената на Акционот план за остварувањето на правата на националните малцинства кои содржат препораки за идните подобрувања во согласност со стандардите на Советот на Европа и ЕУ.

Собирот го водеше Сузана Пауновиќ, директорката на Канцеларијата ѕа човечки и малцински права на Република Србија, која ја истакна битноста на ваквиот документ и нејзиното јавно претставување.Шефот на Мисијата на Советот на Европа во Белград Тобиас Флесенкемпер го изрази своето задоволство со спроведените активности на зајакнувањето на институционалната и законодваната рамка. На претставувањето беа присутни претставници на државни органи, меѓународни организации, независни државни органи и национални совети на националните малцинства во Србија. Националниот совет  на македонското национално малцинство го претставуваше секретарот на Советот Зорица Митровиќ. Веднаш по овој состанок во истата сала се организира состанок на претставниците на Националните совети со финансиските експерти од Канцеларијата ѕа човекови и малцински права, каде се разговараше за начинот на трошењето на средствата кои се определуваат ѕа работа на Советите од страна на Република Србија, како новиот бодовен систем ѕа добивање на средствата.

Заклучок е дека законските решенија имаат премногу колизија и дека се иште нема потполна јаснотија во оваа област. До први април Националните совети се должни  да достават податоци за својата работа, како би се применил бодовниот систем за нивно финансирање. На овој дел од состанокот присуствуваа претседателот на Советот Борче Величковски и финансискиот советник Јелена Јаќимовска.