На 19 март претседателот  на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски во придужба на претседателот  на Извршни одбор на Советот Никола Кипровски, претседателот на одборот за службена  употреба на јазикот и писмото Новица Дукадиновски  и финансовиот советник Јелена Јаќимовска, остварија  средба со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македоније Виктор Димовски.

средба

Средбата се одржа во Амбасадата на Република Македонија во Белград  и на истата присуствуваше Амбасадорот Александар Поповски. Државниот секретар упати честитки за успешно спроведените избори за Националните совети на националните малцинства и честитки за процесот на воведувањето на македонскиот јазик во Качарево. На средбата беа истакнати проблемите со кои Националниот совет се соочува во областа на образованието, но и проблемот на недостиг на финансиски средства и можностите матицата поинтензивно да вклучи  во обезбедувањето на истите. Државниот  секретар изрази задоволство од досегашната работа на Националниот совет и неговиот континуитет во решавањето на сите предизвици и  проблеми со кои македонското национално малцинство  се соочува. Димовски ја поддржа идејата на претседателот Величковски во Србија, во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство да се организира конференција на македонските национални ѕаеедници во регионот. Најавена е и скорешна посета на претседателот во Министерството ѕа надворишни работи на Република Македонија и други соодветни министерства.