Единаесеттиот по ред извештај за спроведување на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства, претставен е во Палатата Србија, на состанок на кој што присуствуваа претставници на националните совети, државните и покраински органи и институции, независни тела, меѓународни и организации од цивилното општество. Македонскиот национален совет го претставуваше Зорица Митровиќ, секретар на Советот.

Директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права на Владата на Република Србија истакна дека Србија континуирано работи на унапредување на положбата на припадниците на сите национални малцинства кои живеат во Србија, а бројните активности на Владата и другите институции, медијуми и организации на цивилното општество придонесуваат на подигање на свеста на граѓаните за правата и обврските на припадниците на националните малцинства. Според нејзините зборови за Единаесеттиот извештај, кој што го опфаќа периодот од 1 јануари до 22 март 2019 година, од 77 носители на активностите, 61 доставиле свои прилози.

Директорката наведе и дела скоро половина од Националните совет не ги доставија своите прилози за активностите во овој извештаен циклус и дека овој сегмент мора да биде унапреден. Таа ги повика националните совети поактивно да се вклучат во процесот на известување.

kljmp2

Во рамките на процесот на спроведување на Акциониот план, до сега се израборени и јавно претставени десет извештаји, вкупно се доставени 1013 прилози и 73% од активностите се во потполност реализирани, или континуирано се реализираат, заклучно со овој извештај.

Македонскиот национален совет, односно претседателот Борче Величковски, кој беше и член на работната група за изработка на овој Акционен план, редовно доставуваат прилози во секој извештаен циклус, а најголемата придобивка за спроведувањето на овој стрaтешки документ до сега е воведување на македонскиот јазик и писмо во службена употреба во населеното место Качарево.