Министерството за образование и наука распишува

Kонкурс за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република С.Македонија за студиската 2020/2021 година

Се доделуваат 50 студентски стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република С.Македонија, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција.

Стипендијата се доделува за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Република С.Македонија (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид).

На корисникот на стипендија целосно му се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој на странец заради студирање. Министерството за образование и наука определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија. Министерството за образование и наука го задржува правото на избор на факултет од алтернативите наведени од страна на кандидатите во нивните пријави. Дополнително, треба да се има предвид дека не е овозможено право на избор на студентски дом за сместување и дека тоа е право исклучиво на Министерството за образование и наука.

Трошоците за нострификација на дипломите паѓаат на товар на студентите. Потребно е барањето за нострификација на документите да се поднесе најдоцна во рок од пет дена од објавувањето на конечната листа на добитниците на стипендијата до одделението за нострификација во МОН со цел навремено завршување на постапката и овозможување на следење на редовна настава. За подетални информации околу процедурата за нострификација упатуваме на официелната страна на МОН мени: документи, подмени: нострификација.

Пријава_за_стипендии_2020

Заинтересираните кандидати во прилог на пријавата треба да ги достават следните документи:

-          CV (кратка биографија) и мотивационо писмо со образложение зошто кандидатот сака да се образува во Република С.Македонија, на кој факултет сака да студира и други две алтернативи за избор на друг факултет;

-       Извод од матичната книга на родените со впишана етничка определба како Македонец/Македонка. Доколку, од оправдани причини во изводот нема таква ознака, кандидатот е потребно да приложи друг документ со кој ќе го докаже своето етничко потекло (решение за упис во посебен бирачки список на македонското национално малцинство);

http://nsmakedonaca.org.rs/index.php?option=com_content&view=article&id=522:nacionalnata-pripadnost-vo-matichna-kniga-na-rodeni&catid=20&lang=mk&Itemid=101

 -          Фотокопија од свидетелство за завршено четиригодишно средно образование со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во нашиот систем (т.е. одличен, многу добар, добар, доволен). ПОТСЕТУВАМЕ: се бара фотокопија со цел да не бидат спречени кандидатите да аплицираат на факултети во резидентните или други земји.

Рокот за пријавување е најдоцна до 1 септември 2020 година.

Пријавите кои ќе пристигнат до крајниот рок, како и некомплетните пријави, нема да видат земени во предвид.

 

Избраните кандидати кои нема да пристигнат во Република С.Македонија до 10 октомври 2020 година, ќе се смета дека се откажале од добиената стипендија.

Пријавувањето на кандидатите се врши преку Амбасадата на Република С.Македонија во Белград, каде може да се добијат повеќе информации на тел.011/3284924

За подетално Информирање во врска со факултетите и студиските програми упатуваме на интернет страниците: www.ukim.edu.mk, www.uklo.edu.mk, www.ugd.edu.mk, www.uist.edu.mk,www.unite.edu.mk, www.unt.edu.mk и www.mon.gov.mk.