На 18 јуни во Нови Сад во организација на Центарот за регионализам а со подршка на Ханс Сејдл фондацијата беше организирана конференција на тема „Статус и положба на националните малцинства во државите настанати со распаднувањето на СФРЈ“. На оваа конференција учество зедоа врвни стручњаци од шесте држави кои настанаа со распаѓањето на бившата СФРЈ.

Centar za regionalizam slika 1

На отварањето на конференцијата збор зедоа Михаљ Њилаш потпретседател на Покраинската влада на АПВ и Секретар на секретаријатот за образование, прописи, управа и национални малцинства, Владо Радуловиќ од Канцеларијата за човечки и малцински права регионалниот директор на фондацијата Ханс Зајдел и Александар Попов директорот на Центарот за регионализам. Целта на оваа конференција, на која покрај претседателот учествуваше и Озрен Симјановски член на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, беше упоредување на системите на заштита на правата на националните малцинства во екс Југославија, примери на добра пракса и отварање на расправа за потребата на можностите на развивање на механизимите за дополнително унапредување на положбата на националните малцинства на регионален ниво.

Centar za regionalizam slika 2

На оваа конференција покрај експертите од државите настанати со распадот на бившата СФРЈ, представниците на дипломатско-конзуларните представништва на земјите на екс Југославија, представниците на Националните совети на националните малцинства во Србија, организациите на цивилниот сектор и медиумите присаствуваа и представници на меѓународната заедница.