Како и секоја година во Јабука, македонската заедница го одбележа најголемиот македонски празник Илинден. 116 години од Илинденското востание во Крушево и 75 години од кога во манастирот ,,Прохор Пчињски“ се одржа првото заседание на АСНОМ (Антифашистишко собрание на народното ослободување на Македонија), одбележано е со пригодна програма.

67621786 10156490828902816 5371826304184221696 o

Во раните утрински часови одржано е традиционално натпреварување во варењето на македонското прочуено ,,гравче на тавче.“ Домаќин и организатор на овој натпревар беше здружението ,,Илинден“ од Јабука. Учествуваше голем број на екипи, а за првите три места доделени се и пригодни награди.

 67467873 10156490845407816 7629854894190493696 o

 

Во продолжение на програмата одржано е полагање на венци и свежо цвеќе на бистата на еден од најголемите македонски револуционери Гоце Делчев, во дворот на училиштето кое што го носи неговото име. Венци положија претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски и членовите на Советот, првиот секретар на македонската амбасада во Белград Марјан Јованоски, директорот на Македонскиот информативен и издавачки центар Виктор Шеќеровски, претставници на здружението ,,Илинден“ од Јабука, како и претставници на Сојузот на македонските здруженија во Србија. На полагањето присуствуваа и Александар Чотриќ пратеник во Народното собрание на Србија и член на пратеничката група за соработка и пријателство помеѓу Србија и Македонија, Слободан Илиќ претседател на месната заедница Јабука и директорот на ОУ ,,Гоце Делчев“ Милосав Урошевиќ.

68511201 2945036365569935 7953685936431169536 o

 

-      Многу е битно за еден народ да има своја самосвест за својата самобитност, за своето постоење, за своите корени. Познато е дека Илинден во нашата историја е една од најсветлите точки. Ние како Македонци сме многу горди што припаѓаме на еден таков народ и земајќи во предвид дека голем број на наши дедовци и прадедовци, на наши претци кои имале визија да во еден момент бидеме еден, единствен сложен народ во своја земја, макотрпно се бореле за тоа давајки ги своите животи и пружајки голем отпор на оние кои сакале тоа да го угушат, имаме обврска и кон нив и кон самите себе да тоа не го забораваме и да ги чествуваме ваквите празници – истакна претседателот на Советот Борче Величковски.

67490440 10206146310653402 6306889857603993600 o

 

Потоа, во просториите на училиштето одржана е и свечена седница на Советот, на која што како специјални гости учесвуваа и Марјан Јованоски, Александар Чотриќ и претставниците на ОБСЕ предводени од Иан Банкрофт, шеф на одделението за демократизација и соработка со националните малцинства.

67565690 2945035612236677 1875370583303127040 o

 

По завршувањето на седницата посетени се штандовите на екипите и учесниците на фестивалот ,,Гравче на тавче“ кои се натпреваруваа во подготвување на ова традционално македонско јадење, но претставија и дел од своето творештво и традционални македонски предмети, носии и други специјалитети. На свечениот ручек, кој што беше уприличен во Домот на културата ,,Кочо Рацин“ со звуци на традиционалната македонска музика, голем број на припадници на македонската заедница од цела Србија имаа прилика да уживаат во специјалитетот кој што беше подготвуван за натпреварот, но и други специјалитети подготвени од вредните домаќинки од здружението ,,Илинденод Јабука.Иако формално се прогласени и наградени првите три места, немаше тава што остана неиспразнета, така да сите учесници можат да бидат горди на своето учество.

Ilinden Jabuka 2