Podela vaučera 1

На 13 и 14 јуни 2019 година Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија подели ваучери, веднаш претворени во училишен прибор, за тековната училишна година на учениците кои го изучуваат предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура„ во Лесковац и училиштата во населените места крај Лесковац.

Podela vaučera 2

Имено согласно одлуката на Националниот совет на македонското национално мaлцинство во Србија,  секој новозапишан ученик на предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура”   добива еднократно ваучер во износ од три иљади динари за купување на училишен и едукативен прибор со цел олеснување на изучувањето на овој предмет. 

Podela vaučera 3

 

Во лесковачките училишта има околу 130 припадници на македонската национална заедница кои го изучуваат овој предмет, пред се во училиштата во Лесковац, Богоевце, Јашуња, Дрчевац и Навалин.