Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија свечено го одбележа 8 септември, Денот на независноста во Педагoшкиот музеј во Белград. Многубројните гости ги поздравија претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски, македонскиот амбасадор во Белград Александар Поповски и директорот на музејот Слободан Вуксановиќ.По тој повод, во Педагошкиот музеј во Белград претставена е изложбата на скулптури на вајарот Синиша Новески.

Dan nezavisnosti 1

Меѓу присутните беа Марјан Јованоски, првиот секретар на македонската амбасада во Белград, Виктор Шеќеровски, директорот на НИУМИИЦ, Зорица Митровиќ, секретарот на Македонскиот национален совет, Никола Кипровски, претседател на Извршниот одбор на советот и многу други.

Dan nezavisnosti 2

На отварањето на церемонијата, претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство, Борче Величковски, се обрати на присутните: ,, Имам големо задоволство и голема чест да ви се обратам по повод еден од нашите  најголеми празници, Денот на независноста Македонија. Точно пре 28 години, во јануари  месец 1991 година беше донесена одлука Македонија да чекори со своји самостојни чекори, за своја суверена држава. Народот беше прашан на денешњен ден 8 септември 1991 години јасно и гласно са преку 95 % нозинство рече да сакаме  да го оствариме сонот на нашите претци, сонот на сите оние који се бореа за слободата на македонскиот народ, сонот на сите оние што сакал да бидаат свои на своето да имаат свој идентитет. Ја би сакал во чест на сите наши претци кои дадоја живот  за самостојна Македонија од имена македонската национална заједница  да ги во честитам Денот на независноста."

Dan nezavisnosti 3

Исто така, амбасадорот Поповски имаше говор на оваа тема: ,,Почитувани сународници, почитувани Македонци и Македонке, почитувани претседател и членови на Македонскиот национален совет во Србија, пре 28 години во собранието беа постављени стратешките цели на државата. Република Северна Македонија го прославува својот 28 роденден. Со Србија има пријателски односи од минатото. Денес, Република Северна Македонија е држава на равноправни граѓани, држава во које се почитуваат како индивидуалните така и колективните човекови права."

Dan nezavisnosti 5

Синиша Новески е академски скулптор и искусен учител кој живее и работи во Белград  од 2011 година. Новески има повеќе од 25 скулптури на јавно изложба во Србија, Македонија, Бугарија и САД.

70245880 3204181282939611 5514079009756938240 o

Покрај скулптурите и популарната македонска музика, гостите имаа прилика да уживаат и во ексклузивните вина, кој за оваа прилика ги обезбеди винаријата Филиповски од Јабука.

70120036 3211245622233177 451315180643549184 o

 

Република Северна Македонија го слави Денот на независноста на 8 септември, затоа што на тој ден во 1991 година се одржа референдум за независност на таа земја, кој дотогаш беше една од републиките во рамките на СФРЈ. На референдумот му претходеше декларација за независност усвоена од првото мултилатерално собрание на Република Македонија на 25 јануари 1991 година. Македонската државност за прв пат ја призна Бугарија, а потоа следат Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина.