Печати
Категорија: Култура
Посети: 1890

На 22 јуни годинава во Качарево во организација на здружението на граѓани припадници на македонското национално малцинство „Вардар од Качарево се одржа традиционалната манифестација „Зелник фестМанифестацијата ја отвори претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски.

Zelnik 2

 На оваа манифестација која веќе со години ја организираат активистите од здружението „Вардар од Качарево учествуваа екипи на здружението „Илинден од Јабука, Етно кaтчето од Качарево, здружението „Вардар од Качарево и поединечни натпреварувачи од  Панчево, Белград и Црепаја. Вештите раце на напреварувачите подготвиа над дваесет тепсии на нашиот традиционален специјалитет-зелникот а жирито во состав Бојан Сиљановски, нашиот прочуен шеф на кулинарството, Тања Стојановска и Крсто Шалетиќ ја прогласија екипата од здружението на граѓани припадници на македонската национална заедница „Илинден од Јабука за победничка екипа. 

Дружењето беше продолжено во расположение, дегустација на производите со традиционални македонски ора и песни.

Bojan Siljanovski