Традиционалната манифестација ,,Собир на гајдаџии“ одржана е по 13 пат во Качарево, во организација на здружението ,,Вардар“. Гајдаџиите од цела Србија и од Македонија настапија во прекрасно уредениот амбиент на регионалната канцеларија на Македонскиот национален совет во Качарево. Манифестацијата свечено ја отворија Љиљана Најдовска во име на организаторот и претседателот на Националниот совет Борче Величковски.

SOBIR 1

 

-       Организирањето на оваа манифестација претставува големо задоволство за целата македонска заедница, и поради самата програма и содржина, но и поради континуитетот од 13 години. Прогласена е за манифестација од посебен значај, секоја година собира се поголем број на учесници и публика, а нејзиниот значај го препознаа и во Министерството за култура на Република Србија, која редовно ја суфинансира оваа манифестација – истакна претседателот на Советот.

Pretsedatel

 

Во рамките на програмата настапија 9 учесници, од кои посебно се истакна една млада дама, Станислава Ѓорѓевиќ од Оџаци. Таа е една од двете девојки во Србија, кои ја негуваат традицијата на свирењето на овој инструмент. Најмладиот учесник на овогодинешниот собир беше седумнаестогодишниот Филип Богдановиќ од Лебане, а најстариот Александар Ристовски од Белград, кој и во 91 година на животот може да биде мајстор на занаетот. Живојин Миљковиќ од Крагујевац е долгогодишен гајдаш и професионално се бави со играорна. Лазар Савиќ од Сврљиг на самиот почеток на манифестацијата публиката ја воодушеви со својот хумористичен настап. Тој е чувар на традиција, здравичар и гајдар. Од Сремска Митровица се претстави Еди Тајм, професор по етномузикологија на музичка академија. Специјално воодушевување на публиката предизвикаа двајца млади од Македонија Баже Јованов и Гоце Зашев кои во дует свиреа гајди. Сите гајдаџии ги пратеше Игор Вијачевски на тапан.

Sobir 3

 

,,Собир на гајдаџии“ е идеја на стари гајдаџии од Качарево кои повеќе не се со нас, со желба да ја сочуваат гајдата од заборав и да на помладите генерации им ја пренесат љубовра кон овој автентичен музички инструмент.