Врз основ на Правилникот за постатката за избор и именување на директорот и другите функции во Новинско издавачката установа ,,Македонски информативен и издавачки центар'' (НИУ МИИЦ) претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија распишува:

КОНКУРС

за работното место: директор на Новинско издавачката установа ,,Македонски информативен и издавачки центар''

Услови на конкурсот:

1. Општи законски услови;

2. Висока стручна спрема VII-степен (дипломиран менаџер во медиумите, дипломиран политиколог, дипломиран новинар, дипломиран правник, дипломиран економиста, дипломиран менаџер за организација) или истакнат творец на македонски и српски јазик во областа на книжевноста;

3. Минимум 5 години искуство на раководечки позиции или минимум 5 години искусство на раководечки позиции во медиумите;

4. Познавање на јазикот (македонски, српски, англиски или некој друг стран јазик);

5. Кандидатот е во обврска да достави концепт за програма на работата на НИУ МИИЦ.

Конкурсот трае 10 дена од денот на објавување во медиумите (15 10 2019)

Пријавите се праќаат во запечатена коверта на следната адреса:

Национални савет македонске националне мањине
Генерала Петра Арачића бр. 2ц,
26000 Панчево, поштански фах 94,

или по маил во зипована папка на:  info@nsmakedonaca.org.rs
или лично на адресата на Советот, секој работен ден од 10 до 14 часот.

На ковертата или во меилот, обврзателно да се стави назнака По конкурс.