Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 4448

Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија распишува

К О Н К У Р С

За доделување на средства за суфинасирање на програми, проекти, активностии редовни дејности на македонските организации во Република Србија за 2020 година, во следните области:

Финансирање и суфинансирање проекти во област на културата:

- манифестации (етно фестивали, денови на македонската култура, книжевно поетски вечери, концерти, етно поставки и изложби, трибини...)

- одбележување на   националните празници (02 август, 08 септември, 11 октомври, 11 декември)

- развој на културно-уметничката дејност (учество на манифестации, поставка на кореографии, организација на колонии...)

Финансирање и суфинансирање проекти во област на службена употреба на јазикот и писмото:

-          Проекти кои имаат за цел имплементација на службена употребна на јазикот и писмото (изготовка на двојазични табли, изготовка на двојазични акти, превод на документи)

Финансирање и суфинансирање проекти во област на образование:

-          Едукативни работилници (етно, јазички, уметнички, младински, детски)

Финансирање и суфинансирање проекти во област на информирање:

-          Развој на информативните капацитети на македонски јазик (проекти кои имаат за цел информирање на македонски јазик, мултимедијални промотивни проекти)

 Со Буџетот на Националниот совет за 2020 година за наведените активности предвидени се вкупно 1.562,000,00 динари.

Во рамките на конкурсот, можат да се предиват и редовни трошоци на здружението – закуп на канцеларија и пропратни режијски трошоци – струја, вода, грејање, интернет и друго.

Пријавите на конкурсот се поднесуваат на македонски јазик со назначување за која намена средствата се бараат, со износи заокружени на илјада динари.

Пријавите се поднесуваат исклучително на конкурсните обрасци.OБРАЗЕЦот можете да го преземете ТУКА.

Рок за поднесување на пријавите е 25 01 2020 година.

Нема да се разгледуваат неблаговремено поднесените пријави, пријави кои не се потполни (непотпишани, незаверени, непотполнети рубрики, пополнети со графитен молив и сл, оние кои не се поднесени на соодветни обрасци или не се однесуваат за предвидени намени или се поднесени од неовластено лице), како и пријави од организации кои не доставиле извештаи за утрошените средства во претходните години.

Пријавите треба да ги задоволуваат критериумите од Правилникот за критериуми за објавување и додела на средства по конкурсот на НСМНМ.

Одобрените средства за проектите ќе се исплатуваат периодично.Претседателот на Националниот совет го задржува правото да, за одобрените проекти, сходно на приливот на средствата од страна на Буџетот на Р.Србија и АП Војводина, ги намали или зголеми определените средства.

Пријавите се поднесуваат електорнски, на меил адресата на Советот info@nsmakedonaca.org.rs лично или на следната адреса:

 

Национален совет на МНМ во Република Србија,

Генерала Петра Арачића бр 2ц

Поштански фах 94

26 000 Панчево