Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 3678

 

Почитувани припадници на македонската национална заедница во Србија,  

Земајќи ја впредвид актуелната кризна состојба во борбата со Корона вирусот, во која се наоѓа севкупната светска популација, а со самото тоа и Република Србија, како и напорите и напаствијата на надлежните органи и прогласената вондредна состојба во Србија, би сакал да ве известам дека е потребно да ги одложите сите планирани активности во наредниот период, како и да го ограничите вашето движење на најмала и најнеопходна мерка, односно да се придржувате и да ги почитувате мерките кои ги пропишуваат надлежните. Доколку имате било каква потреба бројот на претседателот и секретарот на Советот ви се на располагање. Ве молам за овој допис по пат на маил, преку смс или телефонски да ги известите и членовите на вашите организации.

Истовремено ве известувам дека канцеларијата на Националниот совет нема да работи во наредниот период, односно раководството на Советот активностите ќе ги спроведуваат од дома по пат на електронска или телефонска коренспонденција. Итните и неодложните работи (преглед или експедиција на пошта која доаѓа по пат на тврда копија и др.) ќе ги спроведува претседателот на Советот.

 

Со желба за поскорашно решавање на оваа криза ви посакувам добро здравје и успех во наредниот период,

 

Борче Величковски

претседател на Советот