Извршниот одбор на Националниот совет на македонската национална заедница има 5 члена.
Според Статутот, усвоен на конституирањето на Националниот совет по изборите 2014 година, во ингеренција му се доделени следните надлежности и задачи:
- ја предлага одлуката за усвојување на периодичниот обрачун на Советот;
- го подготвува предлогот на Статутот на Советот;
- донесува одлуки за усвојување на периодичните финансови извештаји на Советот;
- донесува одлука за усвојување на завршната сметка на Советот;
- ги подготвува одлуките на Советот;
- ги спроведува и извршува одлуките на Советот;
- донесува одлуки за додела на признанија од Советот;
- донесува одлуки по барањата и молбите упатени до Советот;
- донесува одлуки за додела на стипендии;
- дава мислења за додела на средства врз основа на конкурси на републичките и покраински органи и единиците на локалната сапоуправа, во склад со Законот;
- дава мислење за избор на членови на Управни одбори, директори и други изборни функции, во склад со Законот;
- донесува други одлуки за кои го овластува Советот;
- обавува други работи, кои му ги повери Советот.
Извршниот одбор работи во склад со Деловникот за работа.
Одлуките кои што ги донел Извршниот одбор подлегаат на одобрување на првата наредна седница на Советот, и се сметаат за одобрени доколку за нив гласа повеќе од половина на членовите на Советот. Доколку Советот не ја одобри одлуката, на Извршниот одбор му престанува мандатот, а одлуката останува на снага.
ДОКУМЕНТИ И АКТИ НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ
Правилници и критериуми врз основа на кои Извршниот одбор донесува одлуки кои се во негова ингеренција:
Активности на Извршниот одбор:
Членови на Извршниот одбор:
Никола Кипровски Претседател 060/8030327 |
Добре Трајковски Потпретседател 060/8030317
|
Ивана Цветковиќ членка 060/8030338 |
Озрен Симјановски член 060/8030339
|
Љиљана Најдовска членка 060/8030356 |