Членови на одборот:                                                                            

Елисавета Стојановска Ивановиќ - претседателка

Маја Станковиќ - потпретседателка

Весна Гавриловиќ - членка

Лилјана Лазаревска - членка

Златко Јанкуловски -член

Васка Черговска - членка

Зорица Лазаревиќ - членка

Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


План и програма на Одборот за информриање на Македонскиот национален совет 
за 2015 /2019 година


Работата и активностите на Одоборот за информриање во нареднитe 4-три години произлегуваат од  Развојната 10 годишна стратегија на МАКОС  и  пред се од  Стратегијата за информриање на Национаиот совет во чија изработка најголем придонес имаше госпоѓа Васка Черговска дкоја го водеше одборот во претходниот мандат.
Со овие  документи  практично се утврдени  среднорочните и дологорочните цели на оваа значајна дејност  во која Националиот совет има децидно наведени надлежности со Законот за национани совети во Република Србија. А тоа се, накратко да потсетам: оснивачкото право регулирано со членот 19 од Законот. Цитирам: Нацаионалниот совет  може, според законскиот утврден начин, самостојно или заедно со други правни лица, да основува установи и стопаснки субјекти кои ке вршат новинско-издавачки и радио-телевизијски денјнсоти, печатење и репрдоукции на снимени медиуми, да ги врши правата и обврските на основувач и учествува во управувањето со установите.
Со одлуката Уставниот суд на Србија пред две години се укинати првите 4 суштински точки од челнот 20 па останатите права на Националните  совети во оваа дејнсот се сведени на сода  на мислења, препораки,, предлози....  Тоа секако ке биде и задолжителен дел од обврските на Одборот за информриање како најмериторно тело на советот во оваа област-да ги следи и проучува измените во легислативата и согласно со нив да информриа , предлага и дава мислење на советот, Така на приемр  кога регионалнито јавен сервис РТВ  Војоводина ке треба да именува  нов одговорен уредник за програмата на јазиците на малцинствата ке треба да бара  мислење од сите национални совети, вклучително  и  од МНС, однонсо од Одборот за информриање. Но, само мислење,
Зошто ги потенцирам овие факти?
Намерата ми е да укажам дека Национаиот совет својата со закон предвидена самоуправа во информриањето на мајчин јазик може и мора да ја остварува преку установите и медиумите чии е основувач или сооснвувач. Овој аспект е многу битен ако се има во предвид дека во јули годинава истекнува рокот за приватизација на сите видови медиуми. Волшебната формула како ке се помират интересите на приватните медиуми кои главно се коемрцијални, со потребите на локаната заедница за  информирање и на малцинските јазизи, за жал  сеуште се бара.
Актуелните и идните транзициони реформи во Србија наметнуваат   нови процеси и станадарди во севкупното опшество па и во  информативната дејнсот на Националните совети , вклучително и на македоснкиот.
Како еден од актерите кој пред 10 години доби задача од тогашното раковдсво на Македонскиот национален совет активно да се вклучи во втемелувањето на инфомирањето на македонски јазик во Србија, можам да констатирам дека од 2006 година  па до денес  оваа дејнсот успешно е етаблирана во информатвиниот простор на Србија.
Редовно од  јуни 2006 година се емитува получасовната емисија на македонски јазик на РТВ Панчево, од декември истата година на втората програма на РТВ Војводина започна со емитирање на  емиси јата „Макеоднско сонце„ а првиот пилот број на „Македонска виделина„ беше издаден есента по повод одбележувањето на 60-ет години од организираното доселување на македонците во Јужен Банат. Со основувањето на  „НИУ МИИЦ„ МНС ги стекна сите законски услови самостојно да ја врши својата новинско-издавачка дејнсот на македонски јазик.
Сите овие тековини во нашето информриање, збогатени со автроскиот  преокт  Инфомак на ТВ Врање , реимитувањето на емсијата Македонско сонце на Нишката телевизија, радиоемсијата на македонски јазик на Втората програма на Радио Војводина, радиската емисја „Добар ден Македонијо„ на РТВ Лексовац како и малдинскиот проект на он лаин  интерент радио, мораме да ги сочуваме  и унапредуваме.
Што е тоа што   Националниот совет  може преку својот одбор за информриање да направи за подобрување на  протокот на информациите и воспсотаввуање поефиаксна комуникација  во дадените актуелни општествени и еконмски услови?
Новата технологија и комункоација налага под инто да ја доработиме  веб страната на МНС. Да иаме квалитетна тријазична веб страна(македонски, српски, англиски) со сите информации, извештаји, прес клипинзи, инфомрации за членовите на советот (секој член да има своја имејл адреса на сајтот) и документи поврзани со советот (одлуки, записници, дописи); креирање на дебатен  форум каде што сите  ке можат да постават тема и да прашаат што ги интересира – двосмерна комуникација; формирање на меилинг листа, на која ќе се праќаат информациите – најави, покани, извештаји (newsletter); покренување на онлајн анкети...виделина да има посебна  fcb страница. Тоа ке овозможи конечно да  се умрежиме и сите информации  да бидат  јавни,  достапни и трансапрентни, да вклучиме што поглем дел од нашите припаднци активно да учествуваат  со свои идеи, сугестии, предлози.
За таа цел, Советот треба да ангажира професионален админстратор кој редовно и квалитетно ке го ажурира веб сајтот на советот со соодветен паричен надомесок. Во суфиансирањето на овој проект треба да се вклучи и Македонската бизнис асоцијација во Србија која ке има можност на многу поширок аудиториум да ги рекламира производите и услугите на своите бизнис членки за што треба да се заклучи партенрски  Договор за соработка.
Една од приоритетните задачи која поризлегува од Стратегијата за информрање е трансфорамција на месечникот „Македонска виделина„ во двонеделно издание.
Тоа ке овозможи нашето единствено печатено информативно-ревијално списание да биде многу поактуелно со своите  теми и содржани за нашите конзументи. Видлеина како единствен авторкси  информативен произовод на македонската заедница во Србија мораме да ја пласираме до сите Македонци запишани во Посебниот избирачки список  за кои веке имаме база на податоци.  Со проширување и зајакнување на редакцијата, намалување на бројот на странците и трошоците на печатењето, можат да се направат и внатрешни заштеди Виделина реално да го зголеми тиражот од 3000 до 5000 примероци. За вака зголемен тираж поглема заинтерисираност ке покажат и македонските бизнисмени од асоцијацијата  за нивно рекламирање. Видлидливоста на Виделина може да се зголеми и со распишување на јавни конкурс и за најубави репортажи или раскази врзаниза Македонија , при што ке се побараат спозори од нашата матица за првите три награди. Овие написи можат двојазично да се објавуваат што ке го прошири аудиотриумот на Виделина и вон македонското говороно подрачје.
Секако многу значаен сегмент  за квалитетно, професионално и објективно информриање е ностиелот на инфомрациите, новинарот.  Во соработка со Форумот на младите Македонци треба да градиме и профилираме новинари кои успешно ке се носат не само со профисијата туку и со специфичните интереси на македоснкото малцинство во Србија. На нашата јавна сцена треба да се изрази пруларизмот и внатре во македонската заедница од кој произлегува општиот интерес и приоритетите на сите три организациони столбови на Македонците во Србија. Одборот ке се залага да им се овозможи на  што поглем број  млади луѓе да учествуваат на струковни  новинарски семинари, обуки и работилници. Во тој контекст предлагам  да се воспостави партнерска соработка со Јавниот сервис на Р. Македонија  која бесплатно би вршела обука на нашите новинари. Тоа ке биде многу позначајна и подолгорочна помош отколку да не снабдува  само со готови емисии и репортажи. За таа цел Одборот треба максимално  да се завземе   конечно да  се потпише  Меморандумот за соработка меѓу РТВ и МРТВ, што секако ке придонесе за поквалитетна и поинтезивна  размена на програмите.

Со цел да се обезбеди подобра комуникација и координација а во согласност со финасиските можности, Одборот да даде инцијатива  еднаш  месечно или  најмногу на три месеци да се  држи своеовиден колегиум на Националниот совет.  Во  него би учествувале првите луѓе на советот и на  петте одбори што ке придонесе за  поефикасна размена на мислењата, согледување на проблемите и заеднички договор  и мобилност за нивно надминување и решавање.  Единствено со тимска и одговорна работа Националниот совет и неговите одбори успешно и квалитетно ке одговорат на сите задачи  и предизвици и на најдобар и најквалитетен  начин   ке ги застапуваат интересите на целата македонска заедница во Србија.